Свет
Франција испраќа војници и тенкови на руската граница
Единица со 300 војници од француската армија и од Легијата на странци се очекува да пристигне следната недела во естонскиот град Тапа, на само 140 км од руската граница, информира француската амбасада во Талин, пренесува „Спутник“.
Трупите ќе останат во Естонија до крајот на август како дел од мисијата FRA-EFP LYNX, која има за цел да го зголеми присуството на Алијансата во регионот.
Париз, исто така, ќе распореди пет тенкови „леклерк“ и 20 пешадиски борбени возила, вклучително и 13 VBCI, француска верзија на повеќенаменските оклопни возила (MRAV). Тие ќе бидат транспортирани во Естонија со железница.
Ова не е првпат француските сили да бидат присутни во Естонија, а во Тапа престојуваа десет месеци во 2017 година. Покрај тоа, во 2018 година француските воздухопловни сили патролираа во естонскиот воздушен простор во рамките на мисијата за балтичка воздушна безбедност на НАТО.
Ова распоредување е придонесот на Франција во зголеменото присуство на НАТО во балтичките држави и во Полска. Нивните војници ќе ги заменат белгиските единици кои служат со британската воена група предводена од НАТО во Тап.
Обединетото Кралство таму има распоредено 20 тенка „челинџер-2, како и 30 IFV. Покрај тоа, неодамна испрати пет хеликоптери „апачи“ во Амари во Естонија за зголемено присуство на НАТО по должина на границата на алијансата со Русија.
Единиците ќе учествуваат на годишната вежба „Пролетна бура“ во Естонија, во која ќе учествуваат 10 000 војници и која треба да почне на 29 април. Присуството на НАТО годинава ќе се зголеми и во Балтичкото Море пред поморските вежби „Балтички заштитник“ и БАЛТОПС.
Москва во неколку наврати изрази загриженост во врска со активностите без преседан на НАТО и зајакнувањето на неговото присуство во регионот наведувајќи ја кко причина наводната руска закана. Кремљ претходно изјави дека Русија никому не претставува закана, но нема да ги игнорира потенцијално опасните активности.
Велика Британија, Канада, Германија и САД предводат мултинационални борбени групи, дел од зголеменото напредно присуство на НАТО (ЕФП) во Источна Европа. НАТО се согласи да создаде напредно присуство во регионот на самитот во Варшава во 2016 година.
Алијансата значително го засили своето присуство во близина на Русија по кризата во Украина во 2014 година, распоредувајќи борбени групи, организирајќи големи вежби и распоредувајќи извиднички авиони и беспилотни летала по должина на границата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

