Свет
Франција протерува 35 руски дипломати

Франција има намера да протера 35 руски дипломати чии активности се спротивни на нејзините интереси, изјави извор близок до француското Министерство за надворешни работи.
„Потегот е дел од европскиот пристап“, се вели во соопштението на Министерството истакнувајќи го бројот на руски дипломати што треба да бидат протерани од земјата.
„Нашата прва одговорност е секогаш да ја гарантираме безбедноста на Французите и на Европејците“, се вели во текстот.
Москва веднаш објави дека ќе одговори на француската одлука, пренесе „Интерфакс“ цитирајќи го руското МНР.
Претходно, Германија соопшти дека донела одлука да протера голем број руски дипломати што се на должност во Берлин, а агенцијата „Франс прес“ наведува дека се работи за 40 лица.
Германскиот министер за надворешни работи истакна дека овие вработени во руската амбасада се закана за сите оние што бараат заштита од Германците.
Неколку европски земји веќе донесоа слични одлуки, вклучувајќи ги Белгија, Холандија, Полска, Ирска и денес Литванија, која одлучи да го протера рускиот амбасадор како одговор на руската воена агресија врз суверена Украина и злосторствата извршени од руските вооружени сили во разни украински градови, села, вклучувајќи го и ужасниот масакр во Буча.
Украина вчера ја обвини Русија за геноцид тврдејќи дека во околината на Киев се пронајдени стотици тела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас денеска пушта заложници, објавен е распоредот за нивното ослободување

Според израелските медиуми, објавени од Ројтерс, размената треба да започне во 8 часот наутро по израелско време во коридорот Нецарим и да продолжи во 10 часот наутро во Кан Јунис, во Појасот Газа.
На некои семејства им е кажано да се упатат кон базата Реим, на границата со Газа, за да го чекаат ослободувањето на нивните најблиски, објави телевизијата Канал 12.
Според истиот извор, ослободувањето ќе се одвива во две фази:
Првата фаза ќе започне во 6 часот наутро, кога ќе бидат ослободени дел од заложниците од централниот Појас Газа. Втората фаза е закажана за 8 часот наутро, кога ќе бидат ослободени преостанатите заложници кои се уште се живи, од Кан Јунис и урбаните бегалски кампови во централна Газа.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од две години.
Палестинската новинска агенција Шехаб објави дека Хамас ги објавил имињата на 20 заложници што треба да бидат ослободени.
Имињата се совпаѓаат со список од 20 заложници за кои се верува дека се уште се живи.
Бар Куперштејн
Евјатар Давид
Јосеф-Хаим Охана
Сегев Калфон
Авинатан Ор
Елкана Бохбот
Максим Херкин
Нимрод Коен
Матан Зангаукер
Дејвид Кунио
Еитан Хорн
Матан Ангрест
Еитан Мор
Гали Берман
Зив Берман
Омри Миран
Алон Охел
Гај Гилбоа-Далал
Ром Браслабски
Ариел Конио
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за да го одбележи потпишувањето на договорот што го посредуваше меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Репортер на „Ер Форс Уан“ му посочи на Трамп дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не отишол толку далеку да каже дека војната против Хамас е завршена.
„Војната е завршена“, одговори цврсто Трамп. „Војната е завршена“, повтори тој. „Дали го разбирате тоа?“
Trump “trumps” Netanyahu.
“The war is over! You understand that?” pic.twitter.com/48v0b8myEq
— MAGABrittany (@paintsaints) October 13, 2025
Американскиот претседател додаде дека мисли дека прекинот на огнот ќе се одржи. „Мислам дека луѓето се уморни“, рече тој.
Трамп ги даде овие забелешки додека леташе за Израел за да се сретне со семејствата на заложниците во понеделник наутро, а потоа да одржи говор пред Кнесетот, израелскиот парламент. Попладне, Трамп планира да отпатува во египетското крајбрежно одморалиште Шарм ел-Шеик на „церемонија на мирот на Блискиот Исток“ за да се одбележи договорот меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, претседателот ќе се врати во Вашингтон во вторник навечер по локално време.
фото: принтскрин