Европа
Франција се подготвува за нови нереди: Оклопни возила и 89.000 полицајци излегуваат на улиците
Франција се подготвува за протестот на „жолтите елеци“ што ќе се одржи овој викенд. На улиците се поставуваат кордони, фудбалските натпревари се откажани, а како што известува „Гардијан“, утре на улиците во Париз ќе бидат поставени и оклопни возила затоа што властите очекуваат нов бран на насилство и нереди.
Владини претставници велат дека 89.000 полицајци и членови на жандармеријата ќе бидат мобилизирани низ целата земја. Само 8.000 ќе бидат распоредени во Париз.
„Ќе се соочиме со луѓе кои не се таму за да протестираат, туку да уништат сè околу себе. Сакаме да бидеме сигурни дека ќе ги спречиме во тоа“, рече премиерот Едуар Филип во обид да го оправда ангажирањето на оклопни возила на улиците.

Фото: ЕПА
Оклопните возила може да исфрлаат солзавец и да пробиваат барикади, а „Гардијан“ додава дека ретко се користат во градски средини.
Во Париз денеска банките, продавниците и рестораните се подготвуваат и се обидуваат да го заштитат својот бизнис од утрешните евентуални напади. Банката на Франција става штици на прозорите, а Операта, според некои извештаи, ги заклучила инструментите на оркестарот во случај на кражба во зградата.

Фото: ЕПА
Париските власти ги советуваа граѓаните да не оставаат отпад на улиците, за да не биде запален како на претходните протести.
Ваквите подготовки доаѓаат по најголемите немири што Париз ги видел во последните 50 години, што се случија минатата сабота. Група демонстранти од движењето „Жолти елеци“ ограбуваа продавници, палеа возила и се судрија со полицијата.
Ајфеловата кула и музејот Лувр утре нема да работат, додека околу десет јавни места ќе бидат затворени во Бордо. Шест натпревари од првата француска лига се откажани.

Фото: ЕПА
Протестите на „жолтите елеци“ почнаа како протест против предлог-законот за зголемување на даноците за дизел и бензин, а движењето беше именувано по жолтите елеци што ги носеа демонстрантите, кои возачите мора да ги имаат во своите автомобили.
Сепак, протестите ја надминаа нивната првична цел и станаа насочени против Владата. Демонстрантите го насочија својот гнев кон претседателот Емануел Макрон, кого го обвинија дека нема контакт со реалноста. За Владата демонстрантите велат дека тоа е елита и дека нема претстава како живее остатокот од земјата.
Макрон од средата, откако го укина предлогот за нови високи даноци на горивата, е тивок во јавноста. Француските медиуми цитираа владини претставници кои рекле дека претседателот не сака дополнително да ја разгори ситуацијата со обраќање до јавноста пред утрешните протести. Се очекува тој да ѝ се обрати на нацијата на почетокот на следната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.
Европа
Зеленски: Преговарачките тимови денес постигнаа значителен напредок
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со својот фински колега Александар Стаб, а фокусот на разговорот беше на преговорите за прекин на војната што Русија ја води против Украина. Зеленски истакна значителен напредок во подготовките за клучните состаноци во Соединетите Американски Држави, објави Украинска правда.
Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс изјави дека тој и Стаб разговарале за „контакт со партнерите“ во контекст на мировните преговори.
„Тука во Украина, во моментов се подготвуваме за состаноци и преговори во Соединетите Американски Држави, а од денес, нашите тимови – украинскиот и американскиот преговарачки тим – постигнаа значителен напредок. Многу е постигнато во развојот на потребните безбедносни гаранции, план за закрепнување и економски развој, како и рамковен документ од 20 точки“, објави Зеленски.
Тој додаде дека украинската страна вредно работи за да постигне „заеднички успех за Украина и цела Европа, за Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп, за сите наши партнери низ целиот свет и за глобалниот мир“.
Зеленски особено им се заблагодари на членовите на американскиот преговарачки тим – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – како и на „сите што помагаат“.
Европа
(Фото) Бомба експлодираше на прометна улица во Харков: има загинати и повредени
Руските сили извршија напад со наведувани воздушни бомби врз Харков, погодувајќи градски пат. Во нападот загинаа две лица, а неколку други беа повредени, објави градоначалникот Ихор Терехов, според „Украинска правда“.
Градоначалникот на Харков беше првиот што го пријави нападот на социјалните медиуми. „Харков е нападнат со наведувани воздушни бомби. Експлозии се слушнаа во предградијата и во самиот Харков. Според првичните информации, нападот ја погодил населбата Шевченки. Информациите за последиците од нападот се проверуваат“, напиша Терехов.
🇺🇦🔱 Kharkiv.
ruzzia attacked the city and suburbs with KAB'sIn this area, there are only civilian residential buildings, an educational institution, and no military facilities.
▪️One man was killed on the spot, and another died in an emergency medical vehicle. pic.twitter.com/Bvm6doETcS— Tracey SBUFella 🇬🇧🇺🇦 #NAFO (@trajaykay) December 26, 2025
Подоцна, Терехов даде повеќе детали, велејќи дека бомбата погодила „еден од најпрометните патишта во Харков“.
„Неколку автомобили се во пламен, а прозорците во блиските куќи се скршени. Имало луѓе во запалените автомобили“, додаде тој.
Подоцна попладнето, Терехов го потврди бројот на жртви. Според него, едно лице е убиено, а тројца се повредени, од кои едно е во сериозна состојба.

