Свет
Франција ќе ги обновува своите воени сателити
Франција ќе инвестира 3,6 милијарди евра во реконструкцијата и изградбата на воени сателити за да ги спречи шпионските ривалски активности, рече денеска францускиот министер за одбрана, Флоранс Парли.
„Ќе ставиме камери за надзор на нашите сателити, па ќе знаеме кој ни се приближува”, рече Парли за телевизиската станица на „ЦЊуз“, а веста ја објави и „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Во израелските напади во текот на ноќта во Газа загинаа 29 Палестинци
Најмалку 29 Палестинци се убиени во нападите извршени од израелската армија во различни делови на Појасот Газа.
Израелските сили започнаа напади врз бегалскиот камп Џабалија и градот Газа на север, Кан Јунис на југ и бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.
Според информациите добиени од медицински извори во болницата „Кемал Адван“, четворица Палестинци се убиени во напад на куќа во населбата Ал-Фалуџа во Џабалија, а тројца во напад на куќата на семејството Ед-Дахдух во Аз-Зејтун, градот Газа.
Како што јави палестинската новинска агенција ВАФА, десет лица загинаа во напад на куќа во која беа сместени раселените Палестинци во регионот Бени Сухејла во Кан Јунис, а седум во Ал-Фухари.
Петмина Палестинци загинаа во напад на куќа на запад од бегалскиот камп Нусејрат.
Европа
Русија го ракетираше Миколаев, едно лице загина
Најмалку едно лице загина, а 16 се повредени во ракетен напад што го изврши руската војска во областа Миколаев во Украина.
Виталиј Ким, шеф на Воената управа на Миколаевската област, изјави дека Русија го нападнала регионот со ракети С-300/400.
Тој изјави дека руската армија во текот на ноќта го нападнала градот Миколаев со ракети С-300. „Оштетени се зградата, ресторанскиот комплекс, комерцијалните објекти, куќите и возилата. Избувнал пожар. Во нападот загинала една жена, а 16 лица се повредени“, изјави Ким.
Вадим Филашкин, шеф на воената управа на регионот Доњецк, ја сподели информацијата дека во вчерашниот руски напад врз регионот се повредени пет цивили.
Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека синоќа Русија ги нападнала украинските позиции со седум противвоздушни ракети „С-300/400“ во Миколаев, две ракети „Х-59“ во областите Чернихив и Суми и 17 „Шахед“ тип беспилотни летала“ низ целата земја.
Регион
Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина
Слаб земјотрес утрово во 4 часот и 51 минути ја погоди Босна и Херцеговина, а епицентарот бил на 37 километри од Бања Лука.
#Earthquake (#zemljotres) possibly felt 1 min 9 sec ago in #Bosnia&Herzegovina. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/VfZOt05MdM— EMSC (@LastQuake) October 15, 2024
Земјотресот бил со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала.