Свет
Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање
Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците од извештајот споредевен по нарачка од француската Влада.
Француските власти веќе ветија нови инвестиции во инфраструктурата, но Владата, како што пишуваат тамошните медиуми се нашла под голем притисок по неодамнешното уривање на мост во близина на Џенова, Италија, каде загинаа најмалку 43 лица.
Падот на мостот во Џенова го вклучи алармот досега во неколку земји. Засилени контроли, инспекции и проверки на мостови ќе се вршат во Србија, Хрватска, Германија, како и Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина подготвува алтернативен мировен план за завршување на војната со Русија
Украина подготвува ревидиран мировен план за завршување на војната со Русија, кој ќе го презентира пред Белата куќа, во обид да избегне територијални отстапки, објави Би-Би-Си.
На прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот тим би можел да испрати нов предлог до Американците уште денес, 9 декември.
Претходно, Зеленски изјави дека некои важни прашања во рамките на мировниот договор сè уште не се решени.
Според него, американската страна е подготвена да бара компромиси, но прашањето за териториите останува нерешено. Русија бара териториите да ѝ бидат предадени.
„Аксиос“ објави дека украинскиот претседател е под зголемен притисок од САД да се согласи на значајни територијални компромиси и други отстапки како дел од предлогот на Доналд Трамп за прекин на војната со Русија.
РЕ-Дигитал
ЕУ отвора истрага против Google
Европската комисија отвори истрага за Google за прекршување на антимонополските правила на Европската Унија во врска со неговата потенцијално несоодветна употреба на онлајн содржина за генерирање резултати од пребарување со вештачка интелигенција, како и видеа поставени на нејзината YouTube платформа.
Истрагата ќе утврди дали Google ги крши антимонополските правила на ЕУ со тоа што не ги компензира соодветно креаторите на содржини или им нуди можност да се откажат од користење на нивната содржина за резимеа генерирани од АИ без да го изгубат пристапот до пребарувачот на Google, соопшти Комисијата.
Издавачите ги критикуваа резултатите од пребарување генерирани од АИ затоа што Google прво прикажува резиме на нивната содржина наместо директна врска до нивните веб-страници. Ова го намалува нивниот сообраќај и затоа предизвикува пад на приходите од рекламирање на нивните страници.
Комисијата, исто така, ќе го истражи користењето на видеа поставени на неговата YouTube платформа од страна на Google за обука на модели на генеративна вештачка интелигенција без соодветна компензација за креаторите на видеа или можност за откажување.
Комисијата веќе започна неколку антимонополски истраги против Google за наводна злоупотреба на неговата доминантна позиција на пазарот, од кои некои резултираа со големи казни.
Свет
Деца пропаднаа низ стаклен покрив на училиште во Белгија
Три деца паднале низ стаклениот покрив на основното училиште „Де Зибом“ во белгиската општина Де Хан. Едно дете е тешко повредено, а две полесно, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила кога децата, на возраст од 12 и 13 години, се искачиле на рамниот покрив на училиштето и пропаднале околу пет метри низ светларникот, директно во подот на училишната кујна, пренесе ВРТ.
Најтешко повреденото дете било пренесено во болница во критична состојба, но неговата состојба е стабилизирана. Другите две деца имаат полесни повреди.
Полицијата наведува дека децата си играле на покривот, но причините поради кои се нашле таму сè уште не се познати. Ниту едно од нив не ја посетува оваа школа, а живеат во околината.
Директорот на училиштето, Том Дермо, изјави дека веројатно децата влегле во дворот преку спортската сала. Посочи дека не е првпат млади луѓе да се качуваат на покривот за дружење или сончање, но не е јасно што правеле овојпат. Можно е, рече тој, да не ја забележале куполата на покривот поради мракот.
Училиштето ќе ги информира учениците за инцидентот како превентивна мерка. Полицијата ја продолжува истрагата.

