Европа
Француските лекари протестираа, полицијата ги казни и уапси тројца

Најмалку 50 здравствени работници се казнети, а тројца уапсени за време на протестот пред болницата во Париз, пишува Би-би-си.
Повеќе од 400 лекари, медицински сестри и помошен персонал протестирале барајќи поголемо финансирање на болниците. Тие побараа повисоки плати и реформи за подобрување на условите за работа на здравствените работници. Од полицијата кажале дека демонстрантите ги кршеле правилата за физичко растојание
Од оние што не ги почитувале правилата било побарано да се оддалечат едни од други, а оние што не се придржувале кон тоа се казнети со 135 евра.
Болницата „Роберт Дебри“, пред која протестираа, се наоѓа во северниот дел на Париз и веќе имаше финансиски тешкотии пред епидемијата на коронавирусот. Во говорот одржан за време на протестот е истакнато дека здравствените работници се преморени, премногу работат и се плашат од пренесување на вирусот на персоналот.
Франција почна да ги олабавува мерките претходно овој месец кога се отворија некои од продавниците и основните училишта. Сепак, Париз сè уште е под строга контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој и постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок, пренесува руската државна новинска агенција Тасс.
„Навистина, наша задача во блиска иднина, во најкус можен рок, е конечно да го победиме непријателот кој се вкопал на територијата на регионот Курск и врши воени операции овде“, рече рускиот претседател на состанокот што го одржа во една од командните пунктови во пограничната област.
While dressed in a military uniform, Vladimir Putin met with CGS Valery Gerasimov at a command post to discuss the situation in Kursk. Also photographed were generals Alexander Lapin, Sergey Rudskoy, and Yevgeny Nikiforov. https://t.co/4mHwc8MPyEhttps://t.co/CdJ23gEP53 pic.twitter.com/XvfjAHA42G
— Rob Lee (@RALee85) March 12, 2025
Путин предложи и создавање безбедносна зона долж државната граница.
Тој ги нарече терористи противниците во областа Курск и рече дека затворениците треба да се третираат во согласност со тој статус.
„Странските платеници не подлежат на Конвенцијата за воени затвореници“, нагласи Путин, додавајќи дека кон затворениците треба да се постапува хумано, и покрај нивниот статус.
„Уверен сум дека сите борбени мисии со кои се соочуваат нашите единици ќе бидат исполнети“, заклучи Путин.
Командантот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, му рекол на Путин дека руските сили ослободиле повеќе од 1.100 км² во пограничната област Курск и дека во последните пет дена се ослободени 24 населени места и 259 км² територија. Тој исто така рече дека во некои правци руските сили ја преминале границата и влегле во украинскиот регион Суми.
Тој исто така изјави дека „украинските сили во регионот Курск се опколени и изолирани“ и дека „во тек е нивно систематско уништување“. Тој исто така тврдеше дека 430 украински војници им се предале на руските сили.
Русите претходно објавија дека за еден ден ослободиле пет населени места.
Во руска контрола вчера е вратен и центарот на Суџа.
Масовниот напад на украинските вооружени сили врз регионот Курск започна на 6 август 2024 година.
Европа
Папата помина мирна ноќ во болница, соопшти Ватикан

Папата Франциско помина мирна ноќ во болница, соопшти денеска Ватикан, 27 дена по неговата хоспитализација поради билатерална пневмонија.
Ватикан вчера соопшти дека 88-годишниот Франциско повеќе не е во непосредна опасност и дека неговата состојба е стабилна со благо подобрување, но не наведе кога би можел да биде пуштен од болница.
Поглаварот на Католичката црква од 14 февруари се наоѓа на лекување во римската болница „Гемели“, првично од бронхитис, кој прерасна во билатерална пневмонија.
Хоспитализацијата на папата, најдолгата во неговиот понтификат, дојде бидејќи тој веќе беше ослабен поради низа други здравствени проблеми.
Франциско има проблеми со дишењето, особено поради отстранување дел од белите дробови кога имал 21 година.
Здравствените проблеми ги оживеаја прашањата за неговата способност да ги извршува своите должности, како и шпекулациите за можна оставка.
Европа
Првата реакција на Кремљ за договорот меѓу Украина и САД

Кремљ реагира на веста дека Украина го прифатила американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот.
Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека тие не сакаат да донесуваат предвремени заклучоци и дека првин мора да добијат официјални информации од САД.
САД и Украина, за потсетување, на вчерашната средба во Џеда постигнаа договор за 30-дневен прекин на огнот, кој може да биде продолжен со заедничка согласност на Русија и Украина. Договорот вклучува обновување на американската воена помош и размена на разузнавачки информации за Украина.
Целта на договорот е да се отвори простор за преговори со Русија, а Украина се согласи да формира преговарачки тим и да работи на трајно решение на војната. Путин претходно нагласи дека му е потребна долгорочна безбедност за Русија, а не привремено примирје.