Европа
Француски медиуми: Говорот на Макрон не ги убеди во целост „жолтите елеци“
Новите отстапки што ги најави претседателот на Франција, Емануел Макрон, во своето долгоочекувано обраќање до нацијата допрва треба да го убеди движењето „Жолти елеци”, кои денес продолжуваат да се мобилизираат додека во јавноста сè повеќе се споменуваат нови протести в сабота, пишуваат француските медиуми.
Многу Французи преку социјалните мрежи упатуваа критики до претседателот Макрон за неговиот говор. Како што пишуваат француските медиуми, тоа пред сè се должело на тоа што неговото обраќање било снимено, а не во живо, што според коментарите на граѓаните тоа е недостиг на почит кон народот.
Тие, исто така, прашуваат како ќе се направат некои отстапки, бидејќи тие се уште „не ги допираат богатите”.
Во медиумите утрово може да се видат различни реакции. Весникот „Паризиен” утрово излезе со наслов „Овој пат тој одговори”.
Макрон, кој беше следен од 21 милион луѓе, вети серија отспатки за смирување на кризата што завладеа во земјата по протестите на „жолтите елеци”, вклучувајќи и зголемување на минималната плата од 2019 година, за 100 евра месечно, како и различни бенефиции за вработените и пензионерите со ниски приходи.
Многу експерти веруваат дека без разлика колку тие отстапки може да бидат силни, таквите мерки не успеале во целост да го смират гневот на граѓаните, кои од 17 ноември се мобилизирани низ целата земја, а секоја сабота организираат и протести во поголемите градови, пишуваат француските медиуми.
„Жолтите елеци“ велат дека вратите кај властите се отворени, но тие ќе продолжат да се борат.
Опозицијата беше меѓу првите со реакција. Лидерот на радикалната левица, Жан-Лик Меланесон, веќе реагираше на повикот за продолжување на протестот.
Претседателката на екстремната десница, Марин ле Пен, изјави дека е добро што Mакрон се откажува од некои даноци, но истакна дека претседателот одбива да признае дека луѓето го оспоруваат моделот за кој тој се залага.
Претседателот на синдикатот ЦГТ, Лоран Берже, рече дека Maкрон не го разбирал гневот поради тоа што нуди краткорочни решенија.
Од политичка страна, премиерот Едуар Филип денеска ќе се обрати во парламентот, додека разни министри се поканети во голем број медиуми да одговорат на прашањата на граѓаните.
Макрон денеска ќе има средба со претставниците на банкарскиот сектор и со претставници на големи компании, а според тамошните медиуми тој ќе ги замоли да учествуваат во заедничкиот напор во решавање на кризата, која се смета за најголема од неговото доаѓање на власт во мај 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.

