Свет
ФСБ уапсила припадник на ИСИС ангажиран од Украина да убие еден од лидерите на Донбас
Руската безбедносна служба (ФСБ) уапсила оперативец на Исламската држава кој планирал да убие еден од лидерите на самопрогласената Донецска Народна Република (ДНР) во име на украинските власти, пренесува „Раша тудеј“. Осомничениот терорист биле идентификуван како Меџид Магомедов, роден 1988 година во руската република Дагестан. Тој бил уапсен во неделата во рускиот регион Смоленск.
Осомничениот изјавил дека бил вмешан во заговор за атентат врз висок командант на украинските бунтовници кој живее во Русија и дека за мисијата бил ангажиран од безбедносната служба на Украина (СБУ) во координација со десничарските екстремисти од движењето Десен сектор, објави ФСБ. Магомедов исто така изјавил дека националните специјални служби на Украина на своја територија им обезбедуваат активна поддршка на борците на Исламската држава нудејќи им безбедност, финансирање, оружје и експлозиви за организирање терористички напади на територијата на Русија“, се додава во изјавата на ФСБ.
Магомедов, наводно, ја посетил Украина во почетокот на 2018 година барајќи помош за група поврзана со Исламската држава која оперира во јужна Русија. Украинската разузнавачка агенција подоцна го ангажирала за атентат врз воениот командант на единицата на бунтовничките милиции во самопрогласената Донецска народна република (ДНР), кој живее во Смоленскиот Регион во Русија.
По пристигнувањето во Русија, Магомедов ги добил потребните работи за планираниот криминал вклучувајќи информации и оружје со кое ќе ја убие целта. За време на апсењето кај него биле запленети импровизирана експлозивна направа еквивалентна на 1,5 килограм ТНТ, пиштол, придушувач и муниција.
Одговарајќи на руските обвинувања, СБУ го нарече случајот најнова измама на ФСБ, која е премногу смешна за коментар, објави украинската новинска агенција УНН.
ДНР, ентитет во источна Украина кој се побунил против Киев кога по вооружениот државен удар беше сменета централната влада на земјата, се најде во фокусот на вниманието на крајот на август кога нејзиниот избран лидер Александар Захарченко беше убиен во експлозија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Арктикот е наш регион, ние сме арктичка држава
Русија е арктичка земја, за разлика од повеќето земји на Европската Унија, и е отворена за соработка на Арктикот, изјави портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков.
„Ова е наш регион. Ние сме арктичка држава, за разлика од огромното мнозинство земји од Европската Унија. Ние сме отворени за соработка и заедничко дејствување“, изјави Песков пред новинарите.
Ако политиката на Европската Унија е фокусирана на соработка на Арктикот, Русија ќе ја поздрави.
„Ако претставниците на Европската Унија имаат на ум нова политика насочена кон меѓународна соработка, тоа може да се поздрави. Ако, од друга страна, мислат на конфронтација, што во моментов е многу модерно во Брисел, тогаш, секако, тешко дека можеме да го поздравиме тоа и тешко дека ќе има некаков позитивен ефект“, рече Песков.
Според него, Русија има големи интереси на Арктикот и ќе ги брани, користејќи го целиот арсенал на меѓународното право.
Порано, Каја Калас, шефица на европската дипломатија, на конференција во Норвешка изјави дека на Европската Унија ѝ е потребна нова безбедносна политика на Арктикот.
Свет
Нигериец кој се претставувал како принц од Дубаи измамил бизнисменка за 2,5 милиони долари
Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам во Романија (DIICOT) отвори кривична постапка во случај во кој романска бизнисменка била измамена за 2,5 милиони долари од Нигериец кој се претставувал како „престолонаследник на Дубаи“, објавија „Агерпрес“ и „БТА“.
Од Дирекцијата денеска издадоа официјално соопштение за случајот, поради зголемениот интерес на медиумите. Во тек е истрага за кривичните дела „организирање криминална група“ и „измама со особено сериозни последици“.
Според медиумските извештаи, романската бизнисменка изгубила над 2,5 милиони долари откако била убедена да инвестира заедно со „престолонаследникот на Дубаи“ во хуманитарна фондација.
Всушност, станува збор за нигериски измамник по име Хенри Еке, кој користел сложена шема за да ги измами своите жртви, вклучувајќи лажни идентитети, фиктивни банки, наводни „финансиски советници“, како и романтични ветувања и предлози за брак.
Жената во Романија била убедена дека разговара со принц од Дубаи и префрлила над 2,5 милиони долари на лажна сметка на „фондација“. Парите доаѓале од различни банкарски кредити, за кои го хипотекирала својот дом, како и од финансиските ресурси на нејзината компанија.
Таа открила дека станува збор за измама откако ја контактирале двајца соучесници на Нигериецот, кои биле незадоволни што не го добиле својот дел од парите. Тие ѝ признале дека целата операција била измама.
Свет
Путин и Џјинпинг во телефонски разговор: Односите меѓу Русија и Кина постојано се развиваат
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг разговараа за соработката меѓу нивните земји.
Повикот доаѓа неколку дена откако високи дипломати од двете земји го изразија својот став дека билатералните односи би можеле да „достигнат нови височини“ оваа година, бидејќи Пекинг и Москва се стремат да ја зајакнат економската соработка.
Нивното стратешко партнерство дополнително се зајакна по руската инвазија на Украина на почетокот на 2022 година, анализираат медиумите.
Двајцата лидери, кои се во редовен контакт, разменија новогодишни честитки на 31 декември, при што Шји изрази „подготвеност да продолжи да одржува блиски контакти“ со Путин, според кинеското министерство за надворешни работи.
Шји и Путин последен пат се сретнаа лично во септември, кога рускиот лидер присуствуваше на голема воена парада во Пекинг.
За време на посетата, Путин му рече на Џјинпинг дека односите меѓу нивните земји се на „невидено ниво“.

