Свет
Хакери ја таргетираа „Евровизија“ со лажни ракетни закани
Преносот од првото полуфинале на натпреварот за песна на „Евровизија“, кое се одржа во израелскиот главен град Тел Авив, во вторникот беше прекинат за некои гледачи од хакери, кои предупредија за опасност од ракетен напад, пренесува РТ.
Преносот во живот од натпреварот бил прекинат и заменет со двоминотно видео од лажни експлозии во Тел Авив со лажно лого на израелските вооружени сили и прикажа застрашувачко предупредување: „Ќе видите дека Израел не е безбеден” и „Предупредување: ризик од ракетен напад, ве молиме да се засолниште.”
Израелскиот радиодифузер КАН откри дека неговата веб-страница била хакирана неколку минути, но хакертскиот напад бил ограничен по обем.
„Веруваме дека пораките не беа дистрибуирани до многу луѓе. ЕБУ и КАН ја гледаат сајбербезбедноста како најголем приоритет и случајот се испитува”, се вели во соопштението на КАН објавено во „Џерусалем пост“.
Не е веднаш јасно кој стои зад нападот и никој не ја презеде одговорноста, но националниот радиодифузер ги обвини за нападот милитантите на Хамас, кои не одговорија на обвинувањата.
Израел како домаќин на Евровизија се покажа како контроверзна одлука, предизвикувајќи демонстрации во неколку земји и бројни повици за бојкот на социјалните мрежи. Пропалестинските демонстранти, исто така, се собраа пред местото на одржување на „Евровизија“ барајќи крај на израелската контрола врз Западниот Брег и Појасот Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.