Свет
(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од две години.
Палестинската новинска агенција Шехаб објави дека Хамас ги објавил имињата на 20 заложници што треба да бидат ослободени.
Имињата се совпаѓаат со список од 20 заложници за кои се верува дека се уште се живи.
Бар Куперштејн
Евјатар Давид
Јосеф-Хаим Охана
Сегев Калфон
Авинатан Ор
Елкана Бохбот
Максим Херкин
Нимрод Коен
Матан Зангаукер
Дејвид Кунио
Еитан Хорн
Матан Ангрест
Еитан Мор
Гали Берман
Зив Берман
Омри Миран
Алон Охел
Гај Гилбоа-Далал
Ром Браслабски
Ариел Конио
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Снимена реакцијата на луѓето во Тел Авив по ослободувањето на првите заложници

Гласни извици се слушаа во Тел Авив кога беше објавено дека првите заложници на Хамас во Газа се предадени на Црвениот крст.
Илјадници луѓе се собраа околу голем екран на Плоштадот на заложниците, мавтајќи со израелски знамиња и држејќи знаци на кои пишуваше „тие се враќаат дома“.
До екранот стои часовник, кој го означува точниот број денови што заложниците ги поминале во Газа.
Crowds in the Hostages Square in Tel Aviv cheer joyfully upon the announcement of the hostages' release.
Simply amazing 🩷🥳 pic.twitter.com/ictzZOOpm3
— Cheryl E 🇮🇱🎗️ (@CherylWroteIt) October 13, 2025
Црвениот крст утрово објави дека започнал операција во Појасот Газа за враќање на 20 преживеани израелски заложници од милитантната група Хамас, што е почетна фаза од договорот за прекин на огнот со цел да се стави крај на конфликтот во Газа, во чие постигнување помогна американскиот претседател Доналд Трамп.
фото: принтскрин
Свет
Израел: Чекавме 738 дена за да го кажеме ова – добредојдовте дома

Израелското Министерство за надворешни работи објави на платформата Икс дека Хамас ослободи седум израелски заложници, киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година, по повеќе од две години заложништво.
„Чекавме 738 дена за да го кажеме ова: добредојдовте дома, Алон, Еитан, Гај, Зив, Гали, Омри и Матан!“, се вели во соопштението на министерството, заедно со фотографии од ослободените мажи.
We’ve been waiting 738 days to say this:
Welcome home Alon, Eitan, Guy, Ziv, Gali, Omri, and Matan! pic.twitter.com/od8BbrMueb— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 13, 2025
Според израелските власти, сите биле киднапирани во 2023 година за време на нападот на Хамас врз јужен Израел, кога милитантите убиле околу 1.200 луѓе и однеле повеќе од 250 заложници во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Алон Охел, Еитан Мор, Гај Гилбоа-Далал, Зив и Гали Берман, Омри Миран и Матан Ангрест.
Заложниците биле држени во сурови и нехумани услови за време на нивното заробеништво, без соодветна медицинска нега и под постојан надзор од страна на милитантите на Хамас, соопшти претходно Израел.
Свет
(Видео) Трамп слета во Израел

„Ер Форс Уан“ штотуку слета на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе помине неколку часа во Израел, каде што ќе се сретне со семејствата на заложниците и ќе се обрати пред Кнесетот, израелскиот парламент.
Потоа ќе отпатува за Египет на мировен самит со светските лидери и на официјалната церемонија на потпишување на првата фаза од мировниот договор за Газа.