Свет
Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени
Хамас ги соопшти имињата на тројцата израелски заложници кои први треба да бидат ослободени во текот на денот, се вели во изјавата на портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обаида.
Израел го добил списокот на заложниците што Хамас ќе ги ослободи в недела, изјави израелски висок функционер за Си-Ен-Ен.
Заложниците кои треба да бидат ослободени денес се Роми Гонен, Емили Дамари и Дорон Штајнбрехер.
Еве што се знае за нив:
Дорон Штајнбрехер (31), ветеринарнасестра, била во нејзиниот стан во Кибуц кога нападнал Хамас. Во 10:30 на 7 октомври, таа им испратила порака на пријателите: „Тие се тука, ме фатија“.
Емили Дамари (28), која има двојно британско-израелско државјанство, беше земена како заложник од Кибуц. Зборувајќи на комеморацијата во Лондон на 6 октомври 2024 година, нејзината мајка Менди рече дека заложниците ослободени минатиот ноември и кажале дека имале контакт со Емили за време на нејзиното заробеништво.
Роми Гонен (24) била фатен додека се обидувала да побегне од фестивалот Супернова. Нејзината мајка, Мерав Лешем Гонен, се обрати пред Советот за човекови права на ОН во јуни, апелирајќи за меѓународна помош за ослободување на заложниците.
Израелската војска претходно соопшти дека планираниот прекин на огнот нема да стапи во сила додека Хамас не ги соопшти имињата на заложниците што ќе ги ослободи во недела.
(Обновено)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на X. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.

