Свет
(Видео) Хамас го ракетираше Тел Авив, погодена е станбена зграда
Официјален претставник на Тел Авив изјави дека четири лица се повредени откако ракета погодила четирикатна станбена зграда во градот. Дани Гева изјави дека две лица се здобиле со повреди со средна тежина, а двајца полесно, пишува Би-би-си.
„Немаме толку многу жртви бидејќи луѓето ги следеа упатствата. Кога се огласија сирените го напуштија станот и отидоа во засолништата. На овој начин беа спасени животи“, рече тој.
Rocket launched from Gaza hits an apartment building in Tel Aviv: 3 injured pic.twitter.com/vIIVGQIrDU
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) October 27, 2023
Одговорноста за нападот ја презеде бригадата Ал Касама на Хамас.
Tel Aviv hit today.
Very superficial compared to the carpet bombing applied in Gaza pic.twitter.com/jCFb5BboUb— Angelo Giuliano (@Angelo4justice3) October 27, 2023
„Бригадата Ал Касама повторно го гранатираше Тел Авив како одговор на ционистичките масакри врз цивили“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Авион принудно слета на аеродромот во Мостар, нема повредени
Мостарскиот аеродром вчера соопшти дека имало принудно слетување на помал авион при што нема повредени.
„Денеска аеродромот во Мостар ја докажа својата подготвеност со брза и ефикасна реакција на принудното слетување на помал авион откако пилотот пријавил дефект на опремата за слетување“, соопштија од аеродромот.
Откако контролната кула го објави принудното слетување, сите служби предводени од спасувачката и противпожарната служба на мостарскиот аеродром реагираа навремено и адекватно.
„Авионот успешно слета и сите патници не се повредени, а тие му се заблагодарија на персоналот на аеродромот во Мостар за брзата и соодветна помош. Би сакале да им се заблагодариме на сите вклучени служби за одличната координација и успешно спроведената акција“, додаваат од аеродромот.
Сообраќајот на аеродромот се одвива непречено.
Свет
Во Иран е започната истрага за падот на хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси, погребот на жртвите ќе се одржи денеска
Началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Багери, назначи делегација која ќе го истражува случајот со хеликоптерската несреќа во која беше жртва претседателот на Иран Ебрахим Раиси.
Истрагата која веќе започна на местото на инцидентот ја води генералот Али Абдолах, а резултатите ќе бидат објавени по истрагата, пренесува ИРНА.
Како што беше претходно објавено, се верува дека причина за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото.
„Раиси беше жртва во неделата (19 мај 2024 година) како резултат на падот на хеликоптерот што се случи поради технички дефект на леталото“, се вели во извештајот на државната новинска агенција ИРНА. Погребот на сите жртви ќе се одржи денеска во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан, во 9:30 часот по локално време.
Свет
Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород
Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во Белгородската област, изјави гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.
„Патнички автомобил со возач и тројца патници е нападнат со беспилотно летало камиказа. Нападот се случил во близина на контролен пункт во селото Октјабрски во областа Белгород“, изјави Гладков на Телеграм.
Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина.