Контакт

Свет

Хамас: Заканите на Трамп го туркаат Нетанјаху да го прекине примирјето во Газа

Објавено пред

Хамас денеска соопшти дека постојаните закани на американскиот претседател Доналд Трамп кон Палестинците претставуваат поддршка за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се повлече од примирјето во Газа и да ја заостри опсадата на жителите на крајбрежната енклава.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера побара Хамас да ги ослободи сите заложници сега, а не подоцна, вклучително и останките на починатите заложници „или готово е за вас“.

Во текстуална порака до „Ројтерс“, портпаролот на милитантната група, Абдел-Латиф ал-Кануа, рече: „Најдобар пат за ослободување на преостанатите израелски заложници е окупацијата да премине во втората фаза (од прекинот на огнот) и да ја принуди да го почитува договорот потпишан под покровителство на посредниците“.

Договорот за прекин на огнот во Газа, кој стапи во сила во јануари, беше преговаран со претставник на Трамп, кој учествуваше заедно со претставник на администрацијата на поранешниот претседател во заминување, Џо Бајден.

Договорот предвидува ослободување на преостанатите заложници како дел од втората фаза, во текот на која ќе бидат договорени конечните планови за завршување на војната.

Свет

(Видео) Орбан: Европа мора да ја зајакне одбраната, но моќта треба да остане во рацете на земјите-членки, а не на Брисел

Објавено пред

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, на социјалните мрежи објави дека неговите состаноци во Франција потврдиле дека иако постојат различни мислења за тоа како да се постигне мир, постои согласност за потребата од зајакнување на одбранбените способности на европските земји.

dobivaj vesti na viber

„Овие напори треба да ги зајакнат земјите-членки, а не бирократите во Брисел“, нагласи Орбан.

Тој ја истакна исклучително блиската соработка со Франција и изрази очекување француските компании да бидат значајни инвеститори во Унгарија.

Во објавата тој сподели и фотографија со Марин Ле Пен со порака: „По средбата со поранешниот и сегашниот претседател на Франција, ми беше задоволство да се сретнам со идниот претседател. Ви благодариме за инспиративната дискусија, @MLP_officiel!“

Прикажи повеќе...

Свет

Важна е поддршката за Украина, но и одржувањето добри односи со САД, смета Шолц

Објавено пред

Германскиот канцелар во заминување, Олаф Шолц, рече дека денешната средба е клучна за да се обезбеди континуирана поддршка за Украина, но ја истакна и важноста од одржување добри односи со САД.

dobivaj vesti na viber

Шолц исто така ги коментира плановите на идниот канцелар Фридрих Мерц за зголемување на трошоците за одбраната, вклучувајќи ги и уставните промени, додавајќи дека политичкиот консензус за ова прашање се чини дека расте во Германија.

Тој истакна дека ЕУ треба да ги приспособи своите правила на сличен начин за да одговори на новите безбедносни предизвици, а истовремено да внимава на долгорочните решенија.

Запрашан за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за нуклеарно одвраќање, Шолц рече дека Европа не смее да се откаже од вклученоста на САД. Неговата долгогодишна загриженост за ова прашање се однесува на стравот дека проширувањето на француската нуклеарна програма може дополнително да го поттикне американското повлекување од европската безбедносна архитектура.

Шолц повторно ја отфрли идејата за заедничките европски одбранбени обврзници.

Запрашан за можните мировни преговори, тој нагласи: „Многу е важно да се осигуриме дека Украина не мора да прифати наметнат мир, туку да добиеме фер и праведен мир, кој го гарантира суверенитетот и независноста на Украина“.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Објавено пред

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го отповика привремениот правен статус на 240.000 Украинци што  избегаа во САД пред војната против Русија, изјави висок функционер на Трамп и тројца извори запознаени со ова прашање, што значи дека тие би можеле да бидат депортирани по забрзана постапка. Одлуката се очекува во април, а се работеше на тоа дури и пред Трамп јавно да се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела.

dobivaj vesti na viber

Тоа е дел од пошироките напори на администрацијата на Трамп да го отповика правниот статус на повеќе од 1,8 милион мигранти што влегле во Соединетите Американски Држави според хуманитарните програми на администрацијата на Бајден за условно ослободување, велат изворите. Од американското Министерство за домашна безбедност немаа коментар, ниту Белата куќа или украинската амбасада.

Администрацијата на Трамп планира да ги прекине овие програми, кои се однесуваат и на 530.000 имигранти од Куба, Хаити, Никарагва и од Венецуела веќе овој месец, изјави функционер на Трамп и извор запознаен со ова прашање. Мигрантите би можеле да бидат депортирани по забрзана постапка, се вели во е-поштата на американската служба за имиграција и царина до која дојде „Ројтерс“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Се намалува бројот на грипозни, но и последнава недела е со рекорден број новозаболени во споредба со изминатите 14 сезони

Бројот на новозаболени од грип се намалува во споредба со минатата недела, но ако се спореди со истата недела изминатите...

Економија2 часа

Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании...

Свет2 часа

Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари...

Македонија2 часа

Димитриевска-Кочоска бара трпение од граѓаните за скандалот со Петровска: Многу бргу на сите ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска, и седум дена по скандалот во Собранието, е на ставот дека не погрешила и нема...

Македонија3 часа

Хрватите во Македонија сакаат да бидат внесени во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата бидејќи тоа ќе го...

Свет4 часа

(Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на „Фокс њуз“ вчера со крст на челото. Христијанската традиција налага дека свештеникот...

Македонија4 часа

Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин. Како што извести АМСМ, на излезот...

Македонија5 часа

„Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Можеби таа пасија доаѓа...

Македонија6 часа

„Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта“, прашува СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да...

Свет6 часа

(Фото) Разорени куќи, уништени возила: како изгледа селото во Јужна Кореја каде што воен авион случајно фрлил бомби

Разорени куќи, уништени возила… Ова се ужасните сцени во Почеон, Јужна Кореја, каде воен авион случајно исфрли бомби, при што...

Европа6 часа

Орбан му напиша на шефот на Европскиот совет: „Мораме директно да преговараме со Русија“

Лидерите на Европската унија денеска се собираат во Брисел за да најдат одговор на драстичната промена на САД во поддршката...

Европа8 часа

Денеска е големиот самит на ЕУ: „Европа е пет минути до полноќ“

Додека 27-те лидери на ЕУ се собираат во Брисел, тие се свесни дека безбедносниот поредок воспоставен по 1945 година –...

Свет8 часа

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, при што беа повредени најмалку седум лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја....

Свет8 часа

Трамп му се закани на Хамас: Веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте или за вас е готово

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Хамас со „последно предупредување“ и ги повика да ги ослободат сите заложници...

Свет8 часа

(Видео) Канаѓаните масовно ги бојкотираат американските производи: „американото“ стана „канадијано“

Во незапаметено прикажување на националното единство Канаѓаните се здружуваат во бојкот за да одговорат на ескалацијата на трговските тензии со...

Свет18 часа

(Видео) Макрон: Мора да се подготвиме, САД можеби повеќе нема да бидат со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон  и се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел. Макрон утрово на...

Свет20 часа

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Топ21 час

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...

Македонија21 час

Напаѓачите се осудени, но мотивот омраза не е докажан, oбјави адвокатот на Пендиков

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени...

Македонија23 часа

Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања...