Контакт

Свет

Хамас и Исламскиот џихад одбиваат да ја предадат власта за трајно примирје

Објавено пред

Хамас и неговиот сојузник Исламски џихад го отфрлија египетскиот предлог да се откаже од контролата врз Појасот Газа во замена за траен прекин на огнот, изјавија во понеделникот за „Ројтерс“ два египетски безбедносни извора.

dobivaj vesti na viber

Двете групи, кои водат одделни разговори со египетските посредници во Каиро, одбија да понудат какви било отстапки, освен можното ослободување повеќе заложници заробени на 7 октомври кога милитантите го зафатија јужниот дел на Израел убивајќи 1.200 луѓе.

Египет предложи визија, исто така поддржана од катарските посредници, која ќе вклучи во прекин на огнот во замена за ослободување повеќе заложници, а на крајот ќе доведе до поширок договор, кој ќе вклучи траен прекин на огнот заедно со промена на палестинското раководство во Газа. Во моментот Хамас е на власт во Појасот Газа.

Египет предложи избори додека го уверуваше Хамас дека неговите членови нема да бидат кривично гонети, но исламистичката група одби какви било отстапки, освен ослободување на заложниците, велат изворите.

Повеќе од 100 израелски заложници сè уште се во Газа.

Официјален претставник на Хамас, кој неодамна го посети Каиро, одби директно да коментира за конкретните понуди за повеќе привремени хуманитарни примирја и го отфрли предлогот.

„Хамас се обидува да стави крај на израелската агресија врз нашиот народ, масакрите и геноцидот, а ние разговаравме со нашите египетски браќа како да го направиме тоа“, изјави претставник на Хамас за „Ројтерс“.

„Ние исто така рековме дека помошта за нашиот народ мора да оди подалеку и мора да се зголеми и мора да стигне до сите жители на север и на југ“, истакна претставникот.

„По запирањето на агресијата, ќе се зголеми и помошта, подготвени сме да разговараме за размена на затвореници“, додаде тој.

Исламскиот џихад, кој исто така држи заложници во Газа, ја повтори позицијата на Хамас.

Свет

Објавени фотографии од патниците на летот Лондон-Сингапур по силните турбуленции

Објавено пред

Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а неколку лица се повредени, јавува „Би-би-си“. Локалните медиуми информираат дека повеќе од 20 се повредени.

dobivaj vesti na viber

Авионот „Боинг 777-300ЕР“, кој летал за Сингапур, бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се наведува во соопштението за печатот на авиокомпанијата.

Сингапур ерлајнс објави дека летот SQ321, кој летал од Лондон Хитроу до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и еден смртен случај во Боингот 777-300ER. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот. Сингапур ерлајнс изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.

Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти во Тајланд за да им ја пружат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.

Авионот полетал во 22.38 часот по Обединетото Кралство, но морал да се пренасочи кон главниот град на Тајланд, а слетал во 15.45 часот по локално време (9.45 часот по Обединетото Кралство) во вторникот. Леташе на височина од 37.000 стапки (11.280 метри) пред да падне на височина од 6.000 стапки (1.830 метри) за околу три минути, покажуваат записите на летот.

Тајландските власти испратија дополнителни амбулантни возила и екипи за итни случаи на аеродромот Суварнабхуми. Се уште не е јасно што точно се случило во авионот.

Турбуленциите не се невообичаени за време на летовите, но сериозни инциденти како овој се ретки.

„Постојат некои сугестии дека авионот удрил во „воздушен џеб“ пред да мора да изврши итно слетување“, рече дописничката на Sky News од Азија, Корделија Линч.

„Повредите предизвикани од тешки турбуленции се релативно ретки во контекст на милиони летови што се случуваат низ светот. Сепак, тешките турбуленции може да бидат драматични и да доведат до сериозни повреди или, за жал, во овој случај, смрт“, рече Џон Стрикленд“, експерт за воздухопловство, за Би-Би-Си.

Летечките екипи имаат ресурси да ги предвидат турбуленциите и се обучени да реагираат кога ќе се појават, рече Стрикленд. „Не за џабе компаниите препорачуваат безбедносните појаси да останат врзани за време на летот, било да е тоа долг или краток“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Катар: Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците во мирување

Објавено пред

Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците на Израел и Хамас сè уште се во мирување, изјави денеска портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал-Ансари.

dobivaj vesti na viber

Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да побара налог за апсење на израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху, како и на тројцата лидери на Хамас, Ал Ансари рече дека е прерано да се коментира директно.

Тој сепак нагласи дека сите држави и организации, кои се виновни за смртта на цивилното население ,треба да сносат одговорност, пренесува „Ројтерс“.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, во понеделникот рече дека се поднесени налози за апсење на Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, под обвинение за „поттикнување истребување, поттикнување глад како метод на војна, вклучително и задржување хуманитарна помош и намерно таргетирање цивили во конфликтот“. Дополнително, судот побара апсење на лидерите на Хамас – Јахје Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије.

Тројцата се обвинети за „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад“.

Прикажи повеќе...

Регион

Штрајк на државните службеници во Грција: бараат повисоки плати поради високите цени

Објавено пред

Синдикатот на државните службеници на Грција (АДЕДИ) од утрово е во еднодневен штрајк со барање за зголемување на платите за 10 отсто поради високите цени бидејќи некои нови цени во Грција се драстично повисоки од цените на истите производи на други места во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

По генералниот штрајк на сите синдикати на крајот на февруари, Конфедерацијата на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ) во април имаше 24-часовен штрајк од истите причини.

Во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерот Киријакос Мицотакис побара повеќе транспарентност на единствениот пазар на ЕУ укажувајќи дека тоа е еден од приоритетите на граѓаните пред изборите за европратеници на 9 јуни.

„Клучно е ЕУ да докаже дека е способна да ги постави вистинските приоритети, вклучително и заштита на потрошувачите пред високите цени“, напиша Мицотакис во писмото испратено во саботата и објавено во понеделникот.

„Мора да се преземат храбри мерки за да се обезбеди единствениот пазар да функционира со поголема конкуренција и транспарентност во корист на потрошувачите“, посочи Митотакис три недели пред евроизборите.

Соочен со незадоволството на граѓаните во Грција, тој бара Брисел „одлучно, брзо и ефикасно да интервенира“ за да се регулира единствениот пазар.

Според него, „неодамнешната инфлаторна криза доведе до значително намалување на куповната моќ на европските граѓани и ја истакна асиметричната моќ на мултинационалните компании во однос на диференцирање на ценовните политики“.

Куповната моќ и инфлацијата се главните грижи на Грците пред европските избори.

Според Мицотакис, во одредени земји како Грција основните производи за широка потрошувачка се продаваат поскапо отколку во другите земји на ЕУ поради „територијалните ограничувања за снабдување наметнати од големите мултинационални компании“.

Станува збор за тоа што големите мултинационални компании се договориле да ги приспособат цените според големината на пазарот во земјата, тие се пониски на големите пазари бидејќи таму имаат конкуренција, а повеќе на малите каде што има помала конкуренција.

Митотакис предлага мерки за „спречување на политиката на одредени мултинационални компании да продаваат исти или слични производи за широка потрошувачка под разни брендови во разни земји членки, што им овозможува да имаат разни цени“ и повикува на „забрана на нефер комерцијалните практики“.

Во април потрошувачките цени во Грција пораснале 3,1 отсто во споредба со истиот месец лани, при што цените на храната пораснале 5,4 отсто – покажуваат податоците на грчката статистичка служба „Елстат“.

Високите трошоци за живот го зголемија социјалното незадоволство во Грција, каде што, според европската статистичка служба на ЕУ, „Евростат“, платите се само на 21. место меѓу 27-те земји од ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија2 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ3 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ3 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија4 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија4 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет4 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија4 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет5 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет6 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет7 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет7 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија20 часа

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет20 часа

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија1 ден

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија1 ден

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија1 ден

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ1 ден

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...