Свет
Хамас тврди: Израел синоќа нападна најмалку три болници

Хамас тврди дека Израел извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници рано наутро во петокот.
„Израелската окупација изврши симултани напади врз голем број болници во изминатите часови“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал Кидра за телевизијата Ал Џезира.
Нападите, наводно, ја вклучуваат и најголемата болница во Газа, Ал Шифа, каде што Израел рече дека Хамас има скриени командни центри и тунели. Хамас ги негира овие обвинувања.
Кидра рече дека Израел го нападнал дворот на медицинскиот комплекс во градот Газа и дека има жртви, но не наведе детали.
Израелските одбранбени сили допрва треба да ја коментираат изјавата на Кидра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.
Свет
Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на четири години затвор, соопшти нејзиниот адвокат.
Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.
Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови.
Ова е удар за демократијата – рече нејзиниот адвокат.
– Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори – изјави портпаролот на нејзината партија Национален собир.
Ле Пен важи за еден од фаворитите за претседателските избори во Франција закажани за 2027 година.