Свет
Американците ќе погубат брутален убиец со метод што досега не бил користен
Алабама го закажа првото погубување во Соединетите Американски Држави со азотна хипоксија, алтернатива на смртоносната инјекција, објави гувернерот Кеј Ајви. Егзекуцијата на Кенет Смит треба да биде на 25 или 26 јануари следната година, се наведува во соопштението за печатот на републиканскиот гувернер, пренесува Си-ен-ен.
Смртта од азотна хипоксија ги лишува мозокот и телото од кислород, па затвореникот умира од задушување, според Информативниот центар за смртна казна, непрофитна организација, која следи, анализира и шири информации за смртната казна. Новиот развој во случајот на Смит доаѓа откако Алабама ги паузира егзекуциите минатата есен и ја промени процедурата за извршување по проблемите со смртоносните инјекции.
Алабама ги финализира првите протоколи за новиот метод во август откако нејзиниот законодавен дом одобри алтернативен метод во 2018 година, според Информативниот центар. Државата има 165 затвореници, кои чекаат смртна казна, според државниот Оддел за затворски казни. Адвокатите на Смит се разочарани откако гувернерот му одреди датум на извршување на нивниот клиент.
„Ние ќе продолжиме да бараме да ги оправдаме правата на г. Смит преку судскиот процес. Како и единаесетте поротници, кои не веруваа дека Смит треба да биде погубен, ние остануваме со надеж дека оние што го разгледуваат овој случај ќе видат дека ова е уште еден обид за егзекуција – овој пат од експериментален, досега некористен метод, и со протокол што никогаш не му бил целосно откриен нему или на неговиот адвокат – неоправдано и нефер“, велат тие.
Инаку, Смит е осуден за убиството на Елизабет Дорлен Сенет во 1988 година, кое според судот го извршил со соучесник. Двајцата биле ангажирани од сопругот на Сенет, кој бил вмешан во аферата со тоа што договорил голема осигурителна полиса за неговата сопруга.
Случајот на Смит беше суден од пороти двапати, се сеќава државниот обвинител на Алабама, Стив Маршал, и двете резултираа со виновни пресуди. Во повторното судење во 1996 година поротата на Смит гласаше со 11-1 за да препорача доживотен затвор, но судијата го отфрли и изрече смртна казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Ова е подарок за непријателите на Европа“: Европската унија за одлуката на Евровизија за забрана на знамето на натпреварот
Одлуката да го нема знамето на Европската унија на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија наиде на неодобрување од страна на потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шиназ.
„Одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) да ги забрани знамињата на Европската унија за време на финалето на Изборот за песна на Евровизија во саботата беше подарок за „непријателите на Европа“, рече потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шиназ.
„Не можам да најдам логично објаснување зошто ЕБУ го направи тоа. И која е целта на тоа“, изјави Шиназ за „Политико“.
Комесарот рече дека одлуката на ЕБУ да ги исклучи знамињата „за прв пат“, освен знамињата на земјите учеснички, е лошо темпирана со европските избори следниот месец и во време кога илјадници грузиски демонстранти масовно излегоа на улиците на Тбилиси во поддршка на демократските вредности кои ги застапува ЕУ.
„На помалку од еден месец пред европските избори, кој победува со забраната на знамето на ЕУ на Евровизија? Само евроскептиците и непријателите на Европа“, нагласи тој.
Портпаролката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така, го критикуваше потегот на ЕБУ.
„Секако дека е за жалење да се забрани знаме, кое е на сите членки на ЕУ, како и на другите членки на Советот на Европа кои учествуваат на натпреварот и често се вее покрај националните знамиња на јавните згради“, рече таа.
Портпаролката на ЕБУ рече дека политиката на знамето на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија е „иста како во 2023 година“, при што обожавателите дозволуваат само знамиња на „земјите-учеснички и знамиња на виножито/гордост“. Шиназ рече дека оваа тема ќе ја покрене на средбата со раководството на ЕБУ во понеделник.
„Ќе разговарам со нив. Нема да дозволам ова да помине. Ќе барам објаснувања и појаснувања“, нагласи Шиназ.
Овогодинешниот натпревар, кој се одржа во Малме, беше еден од најконтроверзните во неговата историја, кој не успеа да ја избегне сенката на конфликти во Газа, Украина и на други места. Пред последната ноќ, илјадници демонстранти се собраа во Малме, многумина вееја палестински знамиња. Кога претставничката на Израел, Еден Голан излезе на сцената, таа беше пречекана со мешавина од свирежи и овации.
На овогодинешниот избор за песна на Евровизија победи швајцарскиот претставник Немо, со песната „The Code“, која се однесува на родовиот идентитет и неговото патување како небинарна личност.
Европа
Пит бул искасал двегодишно девојче: лекарите се борат за неговиот живот во Милано
Двегодишно девојче и тетка му (25) се тешко повредени кога пит бул ги нападнал во стан во Милано.
Во моментот на нападот девојчето си играло со својата сестра близначка кога кучето ненадејно го нападнало. Тетката, која ги чувала, скокнала меѓу детето и животното, но и самата добила тешки повреди.
Тетката ги спасила децата од сигурна смрт така што ги ставила во собата и ја затворила вратата, а потоа толку тешко повредена излегла на терасата и се качила на олукот за животното да не може повторно да стигне до неа.
Набргу на самото место пристигнале полициски екипи, но во моментот кога влегле во станот, кучето било мирно и се однесувало како ништо да не се случило пред неколку минути.
Полицајците го врзале животното и се погрижиле повеќе да не нападне никого, а потоа медицинските екипи го згрижиле детето, кое со хеликоптер било пренесено во болница и чиј живот е во опасност. Другото девојче не е повредено, а тетката од олукот ја симнале пожарникарите. Таа исто така била пренесена во болница со многу сериозни повреди на рацете.
Регион
Драма во Белград: 23-годишен маж силувал старица и ѝ се заканил дека ќе ја убие
Белградската полиција уапсила 23-годишен маж со иницијали С. З. поради сомнение дека силувал старица во нејзината куќа.
По наредба на Обвинителството му била одредена мерка притвор до 30 дена.
Старицата случајот го пријавила во полиција на 7 мај годинава.
Полицијата набргу го идентификувала и го привела.
Според „Телеграф“, С. З. влегол во куќата на постара жена во една белградска населба. Потоа ѝ побарал пари, а бидејќи немала, ја принудил на секс.
„Жртвата рече дека младиот човек ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку го пријави во полиција“, пренесува медиумот.
Несреќната жена добила полесни повреди, а била подложена и на здравствени прегледи, според написите.