Свет
Хамас ја поздрави одлуката на Шпанија, Ирска и на Норвешка да ја признаат Палестина: Важен чекор кон независна држава

Палестинскиот Хамас, кој управува со Газа, денеска ја поздрави одлуката на Ирска, Шпанија и на Норвешка да ја признаат Палестина како држава, соопшти групата на „Телеграм“.
„Ги поздравуваме најавите на Норвешка, Ирска и на Шпанија дека ја признаваат државата Палестина и сметаме дека тоа е важен чекор кон потврдување на правото на палестинскиот народ да создаде независна држава“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.
Одлуката беше поздравена и од палестинските власти, кои имаат ограничена контрола врз Западниот Брег. Претходно, и генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Хусеин ал-Шеик, ја поздрави одлуката на Норвешка, Шпанија и на Ирска велејќи дека тоа е историски момент.
„Ова се историски моменти во кои слободниот свет триумфира за вистината и правдата, по многу децении палестинска национална борба, страдање, болка, окупација, расизам, убиства, репресија, злоупотреба и уништување, на кои е изложен народот на Палестина“, рече Ал Шеик на платформата X („Твитер“).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.
Свет
Ќе ја браниме секоја педа од НАТО – САД по инцидентот со руските дронови во Полска

САД во Советот за безбедност на ОН порачаа дека ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО по упадот на руски дронови во Полска. Американската претставничка Дороти Шиа оцени дека инцидентот е алармантно кршење на воздушниот простор.
Полска соопшти дека соборените дронови не биле грешка, покажувајќи докази за нивното руско потекло. Москва, пак, тврди дека не целела кон полски мети и дека дометот на дроновите не дозволувал да стигнат до Полска.
Загриженост за случајот изразија и други земји во Советот за безбедност, а 43 држави усвоија заедничка изјава со барање Русија да ја прекине агресијата врз Украина.
Свет
Повеќе од половина Полјаци не би ја бранеле државата во случај на војна

Повеќе од 50 проценти од полските граѓани изјавиле дека не би се вклучиле во одбраната на земјата доколку избие војна, покажува најновата анкета на Институтот „Полстер“, спроведена на 1020 испитаници.
Само 26 проценти рекле дека се подготвени доброволно да се пријават во војска или на друг начин да ја поддржат одбраната на Полска, додека 17 проценти не знаеле како би постапиле.
Истражувањето е спроведено на 10 и 11 септември, а како повод медиумите го наведуваат најновиот инцидент со руски дронови кои влегле во полскиот воздушен простор. Министерството за внатрешни работи потврди дека биле забележани 16 летала, од кои дел биле соборени од НАТО авиони.