Свет
Хан: Брисел не е виновен за нерамномерната дистрибуција на вакцините
Европскиот комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, ги отфрли тврдењата на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, дека не се почитува рамномерната дистрибуција на вакцините против коронавирусот.
Комесарот од Австрија, кој е од редовите на Народната партија на Курц (ОВП), за „Салцбургер Нахрихтен“ изјави дека вината за тоа што некои земји на ЕУ добиле повеќе вакцини отколку што треба според бројот на жители не може да му се припише на Брисел.
Тој истакна дека факт е оти некои земји, како Малта или Данска, целосно го исцрпиле својот контингент, а други, како Австрија, не го сториле тоа.
Хан посочи дека, за жал, земјите претежно играле на картата за значително поевтини вакцини од „Астра зенека“ и дека сега тие се погодени од проблеми со испораките на тој производител.
Меѓу тие земји, вели Хан, е и Австрија, која во голема мера ја градеше својата стратегија за вакцинација со вакцината на „Астра зенека“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лидерот на Панама му одговори на Трамп: Подалеку рацете од Панамскиот канал, тој не им припаѓа ниту на САД, ниту на Кина
Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да ги држи рацете подалеку од Панамскиот канал и дека САД никогаш нема да го вратат.
„Каналот е и ќе остане панамски, а неговата администрација ќе остане под панамска контрола во однос на неговата постојана неутралност“, повтори Мулино во изјавата по инаугурацискиот говор на Трамп во понеделникот.
Мулино го отфрли и тврдењето на Трамп дека Кина го контролира каналот што го поврзува Карипското Море со Тихиот Океан.
„Нема присуство на ниту една нација во светот што се меша во нашата администрација“, рече Мулино, без директно да ја спомене Кина.
Мулино повика на дијалог за ова прашање за „да се разјаснат покренатите точки без да се наруши нашето право, целосниот суверенитет и сопственоста на нашиот канал“.
Управата на Панамскиот канал изјави за Си-Ен-Ен дека нема да ги коментира изјавите на Трамп.
Медиумот потсетува дек за време на неговото инаугуративно обраќање, Трамп тврдеше дека Панама ги прекршила договорите кои бараат неутралност во операциите на каналот.
– Американските бродови се строго оданочени и не се третираат праведно на кој било начин, облик или форма. И пред се, Кина управува со Панамскиот канал, а ние не и го дадовме на Кина. „Ние и го дадовме на Панама и го враќаме“, рече Трамп.
Свет
Фридман: Зеленски нема желба да преговара со Путин
Американскиот блогер Лекс Фридман, кој неодамна го интервјуираше Володимир Зеленски, рече дека украинскиот претседател не покажал желба да влезе во мировни преговори со Русија.
„Му ja дадов на украинскиот претседател секоја можност да ја покаже својата подготвеност да преговара, знаејќи дека претседателот дали на САД, Доналд Трамп или рускиот претседател Владимир Путин ќе го слушнат овој разговор, но мислам дека тој не ги искористи тие можности, тој зборуваше остро за Владимир Путин. „Тоа е разбирливо, но контрапродуктивно за мировните преговори“, рече Фридман, според „Украинска правда“.
Според него, постигнувањето мир во овој случај бара компромис за да се спречи загубата на животи, па затоа лидерите мора сериозно да се сфаќаат едни со други. „Ако мислите дека претседателот на друга земја (Путин) е целосно луд, ќе биде многу тешко да се преговара со него“. „Тој треба да се гледа како сериозна личност која ја сака својата земја и својот народ“, рече Фридман.
Тој изјави дека слушнал многу критики во врска со интервјуто со Зеленски и најави интервју со рускиот претседател. „Веројатно ќе го интервјуирам и Владимир Путин во Русија, во Кремљ. Ги разбирам ризиците и ги прифаќам. Ризиците не ми се важни. Сакам само да дадам мојот скромен придонес во напорите за постигнување мир“, рече Фридман.
Тој нагласи дека се залага за траен мир, иако, како што наведе, одлично ги разбира луѓето кои ги загубија своите најблиски во оваа војна и бараат правда наместо мир.
Тој додаде дека верува дека сега е многу добро време за мировни преговори меѓу Украина и Русија.
Фридман сними тричасовно интервју со Зеленски во кое украинскиот претседател рече дека пред целосната инвазија побарал од САД да воведат превентивни санкции кон Русија, а не да ја заплашуваат Москва во случај на напад.
Свет
Францускиот премиер: „Европската унија ќе биде прегазена од политиката на Трамп“
Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска предупреди на ризикот Франција и Европската унија (ЕУ), доколку не преземат ништо, да бидат прегазени од најавената политика на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја презеде функцијата.
„САД се одлучија за неверојатно доминантна политика преку доларот, преку индустриската политика, преку фактот дека можат да ги заробат глобалните инвестиции и глобалните истражувања“, изјави францускиот премиер за новинарите во градот Пау, каде што им се обрати на претставниците на локалните власти.
– Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна, ќе бидеме под доминаџција. Ќе бидеме прегазени. Ќе бидеме маргинализирани“, рече тој.
Тој додаде дека одлуката како да реагираат е и на Французите и на Европејците бидејќи, како што истакна, тоа е невозможно без Европа.
„Инаугурацијата на Доналд Трамп не става пред одговорност“, додаде францускиот премиер, потсетувајќи на „моќта на Кина“, која во декември го премина прагот од 1.000 милијарди трговски суфицит.
„Франција и Европа денеска се соочени со два предизвици, американскиот и кинескиот“, рече Бајру.