Свет
Хеликоптерска несреќа во Русија, шестмина повредени
Шест лица се повредени при пад на воениот хеликоптер „ми-8“ во регионот Краснојарск, соопшти денеска руското Министерството за здравство.
„Две лица беа оперирани, другите четири се на преглед“, велат од Министерството додавајќи дека иако се во критична состојба, нивните животи не биле загрозени, пренесува ТАСС.
Хеликоптерот „ми-8“, кој припаѓа на компанијата „Красавија“, летал од Бајкинт до нафтеното поле Јарубченској и во моментот на несреќата имало 21 патник и тројца членови на екипажот.
Несреќата се случила кога за време на полетувањето, хеликоптерот влегол во снежна бура и притоа ги оштетил опашката и роторот.
Компанијата „Красавија“ вели дека специјална комисија го истражува инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

