Свет
Херој од Виена сведочи за нападот: Ја впери пушката во мене
Турчин кој бил ранет во терористичкиот напад во Виена за новинската агенција „Анадолија“ раскажа како за влакно избегнал смрт.
Реџеп Таип Гултекин вели дека бил со неговиот пријател во центарот на австриската престолнина кога ги слушнале истрелите. Тргнале во правец на пукотниците и виделе вооружен напаѓач како пука кон случаен минувач.
Инаку, двајцата се ММА борци со привремено живеалиште во Виена, а поради нивната храброст, станаа херои следниот ден по ужасниот терористички напад во австриската престолнина.
„ Откако ја однесов сопругата во блискиот ресторан, терористот ја впери пушката кон мене“ – се сеќава тој.
Гултекин се фрлил на земја за да ги избегне куршумите, но сепак бил ранет. Тој вели дека напаѓачот носел пушка со долги цевки. Би-би-си наведува дека напаѓачот имал автоматска пушка, пиштол и мачета.
„ Успеавме да влеземе во автомобилот на мојот пријател и отидовме во најблиската полициска станица да го пријавиме инцидентот“ – рече тој.
Гултекин рече дека подоцна видел полицаец ранет во судирот. Тој и неговиот пријател го однеле полицаецот до брзата помош бидејќи медицинските екипи не можеле да се приближат до местото поради пукањето. Тој исто така вели дека ѝ помогнал на една постара жена која се нашла таму да ја премести на безбедно место.
„Не сакав да одам во болница бидејќи раната на ногата не беше толку голема“ – рече тој, иако медицинскиот тим му понудил да го пренесе во болница.
„Не сакав да бидам товар затоа што мислев дека во пукањето ќе има многу ранети“, додаде тој.
Друг сведок на нападот за медиумите изјави дека убиецот бил вооружен со автоматско оружје.
„ Звучеше како петарди, тогаш сфативме дека се работи за истрели“ – рече сведокот, додавајќи дека напаѓачот „пукал диво со автоматско оружје“ пред да пристигне полицијата и да отвори оган, пренесе „Ал Џезира“.
Баровите и рестораните биле полни со гости во моментот на пукањето. Друг сведок, Евелин, го опиша моментот кога луѓето почнале да бегаат откако ги слушнале истрелите.
„ Одеднаш започна пукањето, најпрво не знаевме што е тоа … Потоа повторно се слушна пукање, но поблиску, па почнавме да бегаме„ – изјави таа за АП.
„Не знаевме дали трчаме во вистинската насока, наидовме на хотел и се скривме таму“, раскажа таа.
Најмалку четири лица беа убиени – двајца мажи и две жени – и 17 беа повредени во терористички напад во Виена, од кои шестмина потешко. Еден од напаѓачите е убиен, потрагата по останатите е во тек. Неколку напаѓачи со пушки синоќа околу 20 часот наведоа на шест локации во центарот на Виена, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата, Харалд Серес, рече дека полицијата претпоставува дека имало најмногу четири напаѓачи, но тој посочи дека истрагата е во тек. Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, синоќа објави дека е убиен еден напаѓач, кој изврши терористички напад во Виена, и дека полицијата во моментов трага по барем еден соучесник, пренесува „Танјуг“.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека армијата била распоредена и во Виена како дел од антитерористичката операција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

