Свет
Стјуард херој се жртвуваше за патниците во авионот што се запали
Максим Мојсеев, стјуард во авионот „сухој суперџет-100“, кој се запали на аеродромот „Шереметјево“, загина во обид да ја отвори вратата во задниот дел на авионот зафатен од пожар. Неговата намера била да им овозможи на патниците да излезат и така да им ги спаси животите, јавува руската новинска агенција ТАСС.
„Патниците беа евакуирани со помош на тобоган за спасување. Стјуардот Максим Мојсеев беше со патниците што седеа во задниот дел на авионот. Тој се обидуваше да ја отвори вратата на задниот излез со цел навреме да се евакуираат патниците. Бидејќи не успеа да го стори тоа, тој почна да им помога на луѓето да го напуштат авионот на други излези“, изјави извор за ТАСС.
Видео с камер Шереметьево: "Суперджет" на большой скорости ударяется о полосу, подскакивает, после чего бьётся ещё раз и загорается. pic.twitter.com/zAncjmzBg5
— baza (@bazabazon) May 5, 2019
„Стјуардот остана во авионот сè додека повеќето од патниците не беа евакуирани, а потоа загина во пожарот“, додаде тој.
Во несреќата на рускиот авион „сухој суперџет-100“, во кој имаше 73 патници и пет члена на екипажот, загинаа 41 лице.
Половина час по полетувањето од „Шереметјево“, авионот мораше принудно да слета назад на аеродромот во Москва, а точната причина за несреќата сè уште не е позната. Девет лица се хоспитализирани, а 14 лица добија помош на самото место и не се хоспитализирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Спасувачите бараат туристи исчезнати во снежна бура во Чиле: има и загинати
Спасувачките екипи со часови бараат група туристи кои исчезнаа во снежна бура во Националниот парк Торес дел Пајне во Чиле, во која загинаа најмалку пет лица, вклучувајќи Германци, Британци и Мексиканци.
Една од жртвите е жена која им подлегна на повредите откако беше евакуирана, објави локалниот телевизиски канал Т13.
Според официјален претставник од покраината Ултима Есперанца, Гилермо Руиз, спасувачите првично се упатиле кон пронаоѓање на седум туристи, но лошите временски услови им ги попречувале напорите.
Во меѓувреме, пристигна вест дека се пронајдени четири лица и дека се наоѓаат на најмалку четири часа пешачење од најблискиот пат.
Туристите исчезнаа во регионот Патагонија, во кампот Лос Перос, до кој може да се стигне само пеш по непристапна патека.
Областа беше погодена од снежна бура со ветрови со брзина од над 193 километри на час. Сè уште не е јасно од која земја се туристите, според Ројтерс.
Националниот парк Торес дел Пајне се простира на повеќе од 1.800 квадратни километри и го посетуваат стотици илјади туристи годишно.
фото: принтскрин
Свет
Новинарка на „Еј-би-си“ го праша американскиот претседател за Епштајн, Трамп: „Треба да ти се одземе дозволата“
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека на подружниците на „Еј-би-си“, во сопственост на Волт Дизни, треба да им се одземат лиценците за емитување откако не се согласил со прашање од новинар на мрежата. Трамп ги даде овие забелешки откако новинар на „Еј-би-си Њуз“ го праша за политичкиот скандал со Џефри Епштајн за време на настанот во Белата куќа со саудискиот престолонаследник.
„Мислам дека на ‘Еј-би-си’ треба да ѝ се одземе лиценцата за емитување бидејќи вашите вести се толку лажни и толку погрешни“, рече Трамп.
Трамп рече дека претседателот на Федералната комисија за комуникации (FCC), Брендан Кар, треба да го испита ова прашање.
Ова е втор пат во последните месеци „Еј-би-си“ да биде цел на критики од Трамп.
Во септември, Трамп го пофали Кар откако тој изврши притисок врз „Еј-би-си“ да го откаже ток-шоуто на Џими Кимел, во кое беше коментирано убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк. Трамп тогаш исто така рече дека на „Еј-би-си“ треба да ѝ се одземе лиценцата за емитување.
фото: принтскрин
Свет
СЗО отпушта една четвртина од персоналот
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нејзиниот персонал ќе се намали за околу една четвртина, или околу 2.300 работни места, до средината на следната година, објави Ројтерс.
Дупката во буџетот на организацијата за 2026-2027 година е нешто над 1 милијарда долари.
Намалувањата ќе бидат резултат на реформи, како и пензионирања и заминувања на персоналот, кои се наметнати поради повлекувањето на најголемиот донатор на организацијата – САД, кои покриваат околу 18 отсто од финансирањето.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја повлече земјата од СЗО по преземањето на функцијата во јануари, потсетува агенцијата.

