Свет
Хејли: Кандидатурата на Трамп за претседател би била самоубиство за САД, но Бајден е поопасен од него

Кандидатката за номинација во рамките на Републиканската партија за претседателските избори во ноември, Ники Хејли, изјави дека доколку Доналд Трамп стане републикански претседателски кандидат, тоа би било „самоубиство“ за САД.
По неколку порази во американските држави од Трамп, Хејли за Вол Стрит Журнал изјави дека е „сериозно загрижена“ за поранешниот претседател.
Укажувајќи на обвинението од 91 точка во четирите случаи со кои се соочува Трамп, Хејли рече дека „можеби тоа е негов начин да преживее да ги плати своите правни трошоци и да се извлече од правната опасност, но сето тоа изгледа како самоубиство за Соединетите држави“.
И покрај тоа што го критикуваше Трамп во последните недели, Хејли исто така рече дека актуелниот американски претседател Џозеф Бајден е поопасен од неговиот претходник Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Вонредна состојба на Крит: евакуирани повеќе од 1.000 жители и туристи

Властите прогласија вонредна состојба во делови од општината Иерапетра по катастрофалниот пожар во источниот дел од грчкиот остров Крит, кој во голема мера е ставен под контрола, објавија локалните медиуми.
🇬🇷 A massive fire is raging on the island of Crete in Greece: evacuation has been announced
Due to strong winds, which reached 9 points on the Beaufort scale, the fire is spreading very quickly#russiaisaterroriststate ❗https://t.co/uEdqULR0mt pic.twitter.com/mtTIyfmqmi
— Гакрукс (@Gakruks1) July 4, 2025
Пожарот, кој избувна во близина на Иерапетра во средата, во суви и ветровити услови зафати илјадници хектари обработливо земјиште и шуми на јужниот брег на најголемиот остров во Грција.
Пожарот сериозно ја оштети инфраструктурата, вклучително и водоводните мрежи, и предизвика евакуација на повеќе од 1.000 жители и туристи, според дневниот весник „То Вима“.
Дневникот објави дека истражен тим пристигнал на Крит за да ја утврди причината за пожарот бидејќи брзото ширење на пожарот и повеќекратните фронтови иницирале сомневања за намерно палење.
(Фото: ЕПА)
Свет
Германија воведува шестмесечен воен рок

Германската влада планира да воведе нова форма на воена служба, која првично би се базирала на доброволна основа, објавија денес германските медиуми.
Како што објавија неколку германски медиуми, повикувајќи се на извори во Бундестагот, министерот за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија – СПД) презентира предлог-закон за воена служба, која би се базирала на доброволност.
Законот предвидува скратена доброволна воена служба од шест месеци, која може да се продолжи според личните желби на регрутот. Шестмесечната ротација, како што е наведено, овозможува обука на поголем број војници од сегашната дванаесетмесечна воена служба.
За време на оваа скратена воена обука регрутите би биле подготвени за поедноставни задачи, како што се инспекции или чување објекти. Секое продолжување на рокот би донело со себе дополнителна професионална обука.
Според медиумски извори, нацрт-законот предвидува повторно воведување на задолжителната воена служба во случај потребите на Бундесверот да не може да се задоволат на доброволна основа. Прашалниците што се користат за регрутирање нови доброволни регрути би биле дистрибуирани до сите членови на една генерација, кои на тој начин би се изјасниле дали се подготвени за воена служба или не.
За мажите, пополнувањето на прашалникот би било задолжително, за жените – не. Писториус планира да го зголеми сегашниот состав на Бундесверот поради заканата што доаѓа од Русија на вкупно 460.000 члена.
Експертите веруваат дека Бундесверот нема да може да го достигне потребниот број војници само на доброволна основа. Затоа има барања во нацрт-законот да се вметне клаузула што би овозможила автоматско преминување на задолжителната воена служба во случај доброволната служба да не го покрие потребниот број војници.
Отпорот кон воведувањето на задолжителната воена обврска доаѓа првенствено од редовите на СПД, која ја формира федералната влада заедно со Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ.
Задолжителната воена служба беше укината во 2011 година поради неуставност бидејќи не беше можно да се овозможи сите членови на една генерација да служат во војската.
Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.