Свет
Хирурзи во САД успешно пресадиле срца од свиња кај двајца мозочно мртви пациенти
Хирурзи во американскиот Универзитет „Њујорк“ успешно пресадиле генетски модифицирано свинско срце кај двајца пациенти што биле мозочно мртви, пренесува „Ројтерс“.
WARNING: GRAPHIC CONTENT – Surgeons at New York University successfully transplanted genetically-engineered pig hearts into two brain-dead people. The hearts functioned normally, with no signs of rejection during three-day-long experiments in June and July https://t.co/JWOK2WRBhv pic.twitter.com/2dvnHDtl8L
— Reuters (@Reuters) July 13, 2022
Научниците така дојдоа чекор поблиску до долгорочната цел на користење на свинските органи како би се решил проблемот од недостиг на човечки органи за трансплантација.
Хирурзите навеле дека срцата функционирале нормално, без знаци на отфрлање од организмот. Универзитетот набавил свински срца од животни што имале четири генетски модификации за спречување отфрлање на органот и шест за спречување некомпатибилност меѓу свињите и луѓето.
Минатата година беа трансплантирани свински бубрези кај двајца мозочно мртви пациенти. Засега се верува дека ксенотрансплантацијата е сигурна на приматели на орган што имаат мозочна смрт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

