Европа
Холандија в среда ќе почне со вакцинирање против Ковид-19, последна во ЕУ
Холандија одлучи дека вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне в среда, два дена порано од планираното, соопшти владата на Холандија, која е последна во Европската Унија што почна со кампања за вакцинација.
Персоналот на болниците, кој е во контакт со пациентите со Ковид-19, ќе биде првиот што ќе се вакцинира, заедно со вработените во домовите за пензионери на југот на земјата, објавија здравствените власти.
Почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 е поместен два дена порано во однос на 8 јануари, како што беше најавено, соопшти Министерството за здравство.
Од почетокот на вакцинацијата во Европа на 27 декември, некои земји беа цел на остри критики за бавното темпо на вакцинација, особено Франција.
Во првата недела од кампањата за вакцинација, која се фокусира на домови за стари лица, Франција вакцинира 516 лица.
Но, Холандија доцни уште повеќе: првите вакцинации се закажани речиси две недели по почетокот на вакцинацијата во ЕУ и еден месец по почетокот на кампањата во Велика Британија.
Министерот за здравство, Хуго де Јонг, во парламентот ќе ги презентира причините за ваквото одложување. Властите досега ги наведуваа логистичките тешкотии и потребата државните органи да ја одобрат вакцината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.

