Свет
Холандија испраќа осум моќни авиони „Ф-35“ во Полска
Холандија на крајот на месецот во Полска ќе испрати осум модерни борбени авиони „Ф-35“, соопшти холандското Министерство за одбрана.
„Четири борбени авиони ќе бидат достапни за заштита на воздушниот простор на НАТО над Источна Европа“, објави холандското Министерство додавајќи: другите четири авиони ‘Ф-35’ ќе учествуваат во програми за обука со сојузниците на зголемување на подготвеноста на НАТО на источното крило и зајакнување на соработката меѓу разни членки на алијансата.
Во соопштението за печатот се наведува дека авионот „Ф-35“ ќе биде подготвен да реагира во рок од неколку минути во случај да се појави потреба за пресретнување.
„Два авиона трајно ќе го чуваат воздушниот простор на НАТО, а другите два се резерви“, се наведува во соопштението.
Полска е членка на НАТО, која дели граница со руската ексклава Калининград, каде што се стационирани руските сили. Холандија неодамна ја зајакна поддршката за Украина и најави дека ќе им се придружи на САД и на Германија во испраќањето на ракетните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина.
Холандскиот премиер, Марк Руте, го изјави ова за време на неодамнешната средба со американскиот претседател, Џо Бајден, во Белата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

