Свет
Холандија и официјално си го смени името
Холандските власти донесоа одлука да се укине името Холандија и од сега државата да се нарекува Нидерланд.
Одлуката да се отфрли Холандија од употреба е донесена со цел промена на имиџот на таа земја. Министерстватата, универзитетите, амбасадите и компаниите од овој месец ќе го користат името Нидерланд.
Властите се надеваат дека оваа промена ќе привлече повеќе туристи во другите делови на земјата бидејќи главниот град Амстердам, како и Харлем и Хаг, не се во состојба да се справат со големиот број туристи.
Земјата има 12 провинции, од кои само две во својот назив го содржат зборот Холандија.
Официјалното име на земјата е Кралството Нидерланд, а зборот Нидерланд е составен од зборот neder, што во германските јазици значи „ниско“, и land, што значи „земја“. Буквален превод на официјалното име на оваа земја ќе биде Кралство на Ниските Земји.
Меѓу првите употреби на Нидерланд во поголема промотивна кампања ќе биде на натпреварот за песна на Евровизија во 2020 година, чиј домаќин ќе биде Ротердам. Нидерланд исто така ќе се користи на сите материјали поврзани со Олимписките игри во 2020 година во Токио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започнува нуклеарни преговори со три европски сили
Иран планира да одржи разговори за својата спорна нуклеарна програма со трите европски сили на 29 ноември во Женева, објави јапонската новинска агенција Кјодо, неколку дена откако Агенцијата за атомска контрола на ОН усвои резолуција против Техеран.
Иран одговори на резолуцијата предложена од Велика Британија, Франција, Германија и САД со, како што ги нарекоа владините претставници, различни мерки како што се активирање на бројни нови и напредни центрифуги, машини кои збогатуваат ураниум.
Кјодо известува дека владата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан бара решение за нуклеарниот ќор-сокак пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во јануари.
Висок ирански претставник потврди дека средбата ќе се одржи следниот петок, додавајќи дека „Техеран отсекогаш верувал дека нуклеарното прашање треба да се реши по дипломатски пат. Иран никогаш не ги напуштил преговорите“.
Во 2018 година, тогашната администрација на Трамп се повлече од иранскиот нуклеарен договор од 2015 година со шест големи сили и повторно воведе строги санкции кон Иран, што го натера Техеран да ги прекрши нуклеарните ограничувања од договорот со потези како што се обнова на залихите збогатен ураниум, негово рафинирање и инсталирање напредни центрифуги за забрзување на производството.
Индиректните разговори меѓу администрацијата на претседателот Џо Бајден и Техеран да се обидат да го оживеат договорот не успеаја, но Трамп на кампањата во септември рече: „Мораме да се договориме, бидејќи последиците се невозможни. Мораме да се договориме“.
Свет
Песков го обвини Бајден дека ги поткопува мировните планови на Трамп за Украина
Москва ја обвини администрацијата во заминување на американскиот претседател Џо Бајден дека ги поткопува плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Украина.
„За време на изборната кампања, Трамп зборуваше дека сака да постигне мир на некој начин и ги водеше сите кон мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската телевизија.
„И сега прават се’ што можат за да ја ескалираат ситуацијата на таков начин што мировните договори се осудени на неуспех“, рече Песков.
Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, рече дека брзо ќе дејствува за да стави крај на војната меѓу Русија и Украина која трае повеќе од илјада дена. Сепак, тој се уште не кажал никакви конкретни планови.
Пред коментарите на Песков, Бајден ја овласти Украина да користи американски ракети со долг дострел ATACMS против воени цели во Русија. Бајден планира да прости и дел од долгот на Украина.
Песков рече дека администрацијата на Бајден покажала дека ќе направи се за да не заврши оваа војна и дека сакаат да го ограничат Трамп и му се одмаздуваат поради изборниот пораз.
Свет
Маж бил прогласен за мртов во Индија, се разбудил кога требало да го кремираат
Дваесет и петгодишен маж, кој бил прогласен за мртов оваа недела во Индија, се разбудил во пресрет на неговото кремирање, пишува „Фокс њуз“.
Рохиташ Кумар (25), кој е глув, бил прогласен за мртов во болница во државата Раџастан во северозападна Индија без обдукција.
Откако станало јасно дека Кумар е жив пред кремирањето во четвртокот попладне, семејството го вратило во болница, каде што починал во петокот рано наутро.
Тројцата лекари кои прогласиле мртов Кумар во болницата Багван Дас Кетан се суспендирани, објави весникот.
Според Дејли Мејл, кој се повикува на агенцијата АФП, Кумар доживеал епилептичен напад. Лекарите се обиделе да го оживеат, но откриле срцева слабост.
„Ситуацијата не е далеку од чудо“, изјави сведок од погребот за локалниот медиум ЕТВ Бхарат.
„Сите бевме во шок. Тој беше прогласен за мртов, а таму дишеше и беше жив“, додаде тој.
Рамавтар Меена, владин функционер во областа Џунџуну во Раџастан, го нарече инцидентот „грубо невнимание“.
„Ќе преземеме мерки против одговорните. Детално ќе се истражат и методите на работа на лекарот“, рече тој, додавајќи дека специјална комисија ќе го испита случајот.