Свет
Хонгконг со електронски алки ги контролира луѓето во самоизолација

Хонгконг има посебен метод за надзор на луѓето во карантин. Си-ен-ен известува дека кога Деклан Чан, стилист од Хонгконг, слетал во Хонгконг минатата недела, на влезот добил електронска алка.
Тоа е алка што ќе го следи неговото движење во текот на 14-те дена задолжителен карантин, објаснија официјалните лица.
Тоа е последната мерка за превенција во Хонгконг, каде што има голем број увезени случаи на коронавирус.
Владата денес објави нови ограничувања на движењето, со што се бара сите што влегуваат од странски држави да одат во 14-дневен карантин.
Алката е поврзана со апликација што се презема на мобилен телефон и ја известува владата за локацијата на лицето во изолација.
Чан рече дека ја презел апликацијата и дека морал да шета низ куќата за да се мапира областа во која може да се движи.
Владата има околу 5.000 подготвени алки и 60.000 се во подготовка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.