Свет
Хонг Конг им забрани на демонстрантите да носат маски, им се заканува и казна затвор
Лидерката на Хонг Конг им забрани на демонстрантите да носат маски за да го скријат својот идентитет заострувајќи го ставот на владата против неколкумесечните демонстрации. На оние што нема да ја почитуваат забраната им се закануваат казни казвтор до една година.
Употребата на овој тип безбедносни правила од страна на Кери Лам се случува првпат од немирите во Хонг Конг во 1967 година, а ѝ овозможува да ги заобиколи градските законски процедури.
Лам вели дека одлуката ќе стапи во сила в сабота.
Повеќето лица што протестираат носат маски за да си го скријат идентитетот. Предложената законска мерка следува по судирот меѓу продемократските демонстранти и специјалните сили на Хонгконг во вторникот, кој го засени одбележувањето на 70 години од уредувањето на Комунистичката партија во Кина. За време на насилството во вторникот, 18-годишен студент беше застрелан од полицијата и се товари за насилство со можна затворска казна од десет години. Надлежните велат дека пукањето било оправдано оти полицаецот бил исплашен за безбедноста на својот живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

