Свет
Хоспитализирани 15 деца во САД поради болест што се поврзува со коровирусот
Петнаесет деца во Њујорк се хоспитализирани со симптоми на повеќекратен воспалителен синдром кој може да биде поврзан со Ковид-19, се вели во здравственото предупредување издадено од Министерството за здравство во Њујорк.
Мали пациенти на возраст од 2 до 15 години се хоспитализирани помеѓу 17 април и 1 мај. Неколкумина тестирани биле позитивни на Ковид-19 или било откриено дека имаат антитела, односно преболеле инфекција на коронавирус.
Некои од нив имале постојана треска и симптоми на Кавасаки-болест или карактеристики на синдром на токсичен шок. Најмалку пет деца завршиле на респиратор, пренесува Си-ен-ен.
Кавасаки-болеста е релативно ретка акутна детска болест. Тоа е системски васкулитис, односно воспаление на ѕидовите на средните и малите артерии, што може да доведе до запирање на протокот на крв во срцето. Обично може да се излечи и повеќето деца закрепнуваат без сериозни проблеми, но може да биде и смртоносна.
Британските педијатри неодамна предупредуваат дека помал, но зголемен број на деца страдаат од Кавасаки-заболување, што би можело да биде поврзано со коронавирус.
Педијатриското здружението за интензивна нега во Велика Британија (PICS) издаде значајно предупредување пред британската Национална здравствена служба (NHS) за мало зголемување на бројот на критично болни деца со истовремени симптоми на синдром на токсичен шок и атипична Кавасаки-болест, при што некои од овие деца се позитивни на Ковид-19.
„Постои зголемена загриженост дека појавениот воспалителен синдром кај деца во Велика Британија е поврзан со Ковид-19 или дека може да има друг, сè уште неидентификуван, заразен патоген поврзан со овие случаи“, се вели во предупредувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

