Свет
„Хјуман рајтс воч“ го осуди протерувањето на својот директор од Израел
„Хјуман рајтс воч“ ја осуди одлуката на Израел за депортирање на Омар Шакир, директор на ХРВ за Израел и палестинските територии, поради неговиот активизам во име на бојкотот, дивестициите и санкциите (БДС), пренесува РТ.
Шакир, кој е американски државјанин, во понеделникот беше качен на лет од меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ кога израелскиот Врховен суд ја потврди одлуката на владата да го протера од Тел Авив. Владата на Бенјамин Нетанјаху изјави дека Шакир е поголем застапник за БДС отколку директор на ХРВ и дека тие имаат право да го протераат во согласност со амандманот од 2017 година на Правилата за влез и за престој.
Ова е прва депортација според правилото. Претходно годинава, регулативата беше наведена како причина за неиздавање визи на американските законодавци Илхан Омар и Рашида Тлаиб. Иако Шакир не негира дека бил активист на БДС во минатото, тој вели дека неговото протерување е со цел да се загрози нивното застапување за нелегални населби и за човековите права на Палестинците воопшто.
„Ова не е за БДС, ова е обид да се потисне мејнстрим-застапувањето за човекови права“, изјави тој за Си-ен-ен пред протерувањето.
Извршниот директор на РВ, Кенет Рот, посочи дека ниту една функционална демократија досега не избркала истражувач на ХРВ истакнувајќи дека Израел сега е во друштво со земјите како Северна Кореја, Венецуела и Иран.
„Не можам да замислам друга демократија да протера истражувач на ХРВ. Мислам дека тоа ја покажува сè поограничената природа на израелската демократија“, рече Рот.
Тој го поддржа тврдењето на Шакир дека протерувањето нема никаква врска со БДС, туку воопшто со застапувањето за човековите права. ХРВ нема намера да назначи замена за Шакир затоа што секој претставник на организацијата би се ангажирал во ист вид застапување, што довело до негова депортација.
„Шакир ќе продолжи да се бори против изразената дискриминација на Израел кон Палестинците под окупација“, твитна Рот.
Генералниот секретар на ОН ја осуди одлуката за протерување на Шакир, а неговиот портпарол, Стефан Дујариќ, изрази жалење поради израелската одлука и изрази поддршка за важната работа на бранителите на човековите права во светот што треба да ја поддржат сите земји.
ХРВ е приватна невладина организација со седиште во САД, основана во 1978 година од активистите Роберт Бернштајн и Арјех Ниер. Рот е извршен директор од 1993 година.
Движењето БДС се залага за притисок врз Израел да стави крај на окупацијата и колонизацијата на сите арапски земји, да ги признае арапските Палестинци како рамноправни граѓани и да го почитува правото на враќање на сите палестински бегалци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Деветгодишно девојче скокнало од балкон во Германија: мајката и се заканувала со нож
Во Бремен, Германија, вчера попладне, мајка ѝ се заканувала на својата деветгодишна ќерка со нож, повредувајќи ја.
Девојчето од страв побегнало на балконот и се фрлила од првиот кат на зградата, соопшти полицијата. Трагедијата ја спречил сосед кој ја фатил, објавува „Шпигел“.
Според полицискиот извештај, 62-годишен сосед ја гледал ситуацијата од прозорецот и успеал да го фати девојчето додека паѓало. Полицијата потврдила дека девојчето претрпело само полесни повреди. Сè уште не е познато зошто се случила таква ситуација во семејниот стан.
Полициските сили кои излегле на местото на настанот ја уапсиле 38-годишната мајка. Се тврди дека жената имала ментални проблеми и е сместена во клиника на лекување. Девојчето е згрижено и е кај нејзиниот татко.
Свет
Силен земјотрес регистриран во Романија
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 18:21 часот во Романија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 45,8336 и географска должина 26,7157.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 120 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Свет
Сикорски: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина и нема да запре
Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, денес во експозе за полската надворешна политика предупреди дека Русија не сака мир, туку капитулација на Украина и дека нема да застане тука.
„Сите сме свесни за опасноста. Ситуацијата е сериозна. Свеста за опасноста може да биде парализирачка. Не можеме да си дозволиме луксуз да останеме парализирани“, им рече Сикорски на членовите на долниот дом на полскиот парламент.
Тој предупреди дека некои сојузници не го исклучуваат сценариото Русија да го нападне НАТО, како што рече, не за две или три години, туку оваа година.
„Кремљ нема да попушти. Ќе тестира понатамошни граници. Путин не сака мир, тој сака само капитулација“, рече Сикорски и потсети дека Европа е веќе цел на руски хибридни напади – сајбер напади, поточно врз Полска од две илјади до три илјади дневно, диверзија и саботажа и масовно ширење дезинформации на Интернет.
„Целта на непријателот е едноставна. Да заплаши, да предизвика раздор, да поттикне разни групи Полјаци едни против други, да ја ослабне довербата во политичарите и владата. Полјаците, од најмладите до најстарите, мора да научат како да се справат со опасностите на Интернет. Патриотска должност е да се биде свесен кој, што и со која цел е објавено“, рече тој.
Сикорски им порача на сите во Полска кои мислат дека помагањето на Украина не вреди, дека треба да разберат дека слободна Украина како дел од Западот е шанса и можност и за нивната татковина.
„Шанса да се скршат забите на рускиот империјализам, да се зајакне заедничката одбрана, за интензивна трговска размена, заеднички проекти во одбранбената индустрија за ангажирање на нашите компании. Војната во Украина не е само за независноста на таа земја, туку и за тоа кој ќе биде трет најсилен играч во светот покрај САД и Кина – Русија или Европа“, рече тој.
Апелираше да се воведе таканаречениот воен Шенген во ЕУ, така што евентуалното доаѓање на сојузниците да помогнат да не трае со недели, туку да биде брзо без правни бариери“.

