Свет
Црвен метео-аларм поради високите температури на Балканот

Црвен метео-аларм е активиран во земјите од регионот поради високите дневни температури, кои се блиску до 40 Целзиусови степени.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде предупредување за високи температури во цела Србија. Највисоките прогнозирани дневни температури се до 37 степени, а продолжување на топлотниот бран се очекува в среда кога локално се прогнозираат температурите до 40 степени.
Црвен метео-аларм e издаден поради топлотен бран во четири хрватски региони – Книн, Риека, Сплит и Дубровник.
Портокалова тревога е во сила за регионот Осиек поради горештините.
Жолтиот аларм е во сила за Загреб, Госпиќ и Карловац како поради горештините така и поради можното невреме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина: Погодивме нафтовод во Русија

Украинската војска потврди дека погодила нафтовод во рускиот регион Тамбов, со што се прекина снабдувањето од нафтоводот Дружба.
Претходно денес, унгарското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за напад врз тој нафтовод и изјави дека протокот на руска нафта кон Унгарија е запрен поради тоа.
„Украина повторно го нападна нафтоводот што води до Унгарија, прекинувајќи го снабдувањето“, напиша унгарскиот министер за надворешни работи на платформата „Икс“.
„Овој последен напад врз нашата енергетска безбедност е срамен и неприфатлив!“
Украинскиот шеф на дипломатијата Андриј Сибиха одговори на таа објава, велејќи дека „Русија, а не Украина, ја започна оваа војна и одбива да ја заврши“.
Сибиха додаде дека Унгарија со години е предупредувана дека Москва не е сигурен партнер.
Свет
Трамп: Денес е голем ден во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека денес е „голем ден во Белата куќа“.
„Америка никогаш немала толку многу европски лидери тука истовремено“, напиша тој на својот профил на „Тру соушал“.
„Голема чест за Америка!!!! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите???“
Во исто време, според извештајот на агенцијата Укринформ, Володимир Зеленски се среќава со американскиот претставник Кит Келог во Вашингтон пред неговите разговори со Трамп.
Свет
Зеленски: Трамп има моќ да ја принуди Русија да склучи мир

Кога зборуваме за мир за една земја во Европа, тоа значи мир за цела Европа, порача украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Подготвени сме да продолжиме да работиме со максимални напори за да се стави крај на војната и да се обезбеди сигурна безбедност. Ова се клучните прашања“, напиша Зеленски.
I thank @GeneralKellogg for the meeting and for the joint work with our team. President Trump invited Ukraine and other European countries to Washington today – this is the first meeting in such a format, and it is very serious.
When peace is discussed for one country in Europe,… pic.twitter.com/ZMZaIzAghD
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 18, 2025
Тој додаде дека разговарал за ситуацијата на бојното поле и за заедничките дипломатски можности на Украина, Европа и САД со американскиот генерал Кит Келог и Трамп.
„Русија може да биде принудена да склучи мир само со сила, а претседателот Трамп ја има таа сила. Мораме да направиме сè за да постигнеме мир“, рече украинскиот претседател.
Во истиот пост, тој се осврна на синоќешните руски напади. Според него, биле погодени градови каде што биле убиени две деца, додека десетици луѓе биле ранети. „Луѓето едноставно спиеле кога руската армија започнала напади“, напиша Зеленски.