Свет
Црни бројки во Пакистан: во страшно невреме најмалку 20 лица загинаа, а 80 се повредени
Најмалку 20 лица загинаа, а 80 се повредени денес при уривање на куќи и поплави предизвикани од обилните дождови и невреме во северозападен Пакистан, соопштија властите.
Силен дожд, град и бури ги погодија областите Бану, Лаки Марват и Карак во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, корнејќи дрвја и рушејќи столбови за струја, пренесе АП.
Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф изрази жалење за загубените животи во невремето и нареди да се забрза операцијата за помош.
خیبر پختونخوا میں آندھی، طوفان اور تیز بارش نے تباہی مچادی، بنوں میں طوفانی بارش سے 15 افراد جاں بحق ہوگئے، دیگرعلاقوں میں حادثات کے باعث سات افراد جان کی بازی ہارگئے، مجموعی تعداد 24 ہوگئی ہے۔
Readmore:https://t.co/ADpNllh7gi#Pakistan #KPUpdates #Bannu #rain #storm pic.twitter.com/E5dlEKT1gV
— AAJ Digital (@aajdigital) June 10, 2023
Шариф им нареди на официјалните лица да преземат итни мерки пред циклонот Бипарјоа да се приближи до Арапското Море.
Циклон со брзина на ветер од 150 километри на час се движи кон југот на Пакистан, соопшти пакистанската агенција за управување со катастрофи.
Монсунските дождови и поплавите го опустошија Пакистан минатата година, при што загинаа повеќе од 1.700 луѓе, а речиси осум милиони беа раселени.
За да се ублажат последиците од природните катастрофи, пакистанската влада одвои 1,3 милијарди долари за отпорност на климата во својот нацрт-државен буџет, кој беше претставен во петокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најден е урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Раиси
Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.
Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.
Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси денес доживеа „тешко слетување“.
Свет
Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон
Илјадници активисти се собраа во центарот на Тел Авив барајќи предвремени избори и итен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа, а поранешната американска секретарка Хилари Клинтон им се обрати на демонстрантите преку видео врска. Треба да преземете итна акција за да ги вратите дома“, рече Клинтон, пренесува Танјуг.
Амбасадорот на САД во Израел, Џек Лу, рекол дека САД ги продолжуваат преговорите за враќање на заложниците, пишува The Times of Israel. Демонстрантите го блокираа автопатот Ајалон и запалија огнови, барајќи итен договор за ослободување на заложниците од Газа.
Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат по завршувањето на одобрениот митинг, полицијата го прогласи протестот за незаконски и интервенираше за деблокирање на автопатот.Полицијата соопшти дека уапсила осомничен за нарушување на редот на антивладините протести во Тел Авив.
Околу 200 демонстранти излегоа на одделни протести во Ерусалим, кои се одржаа во близина на Кнесетот.
Регион
Поставен рекорд во центарот на Белград: 1.000 гитаристи свиреа истовремено
Концертот на Guitar Art денеска собра 1.000 гитаристи на Трг Република во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти на едно место во Србија свирејќи во рокенрол прослава со познати музичари, пренесе српска „Политика“.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на Трг Република. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура за Танјуг.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на Трг Република да уживаат во првокласен музички настан.