Свет
Цукерберг повика на построга регулација на штетните содржини на интернет
Сопсвтеникот на Фејсбук, Марк Цукерберг повика на поголема регулација на штетната содржина на Интернет, нагласувајќи дека не е на компаниите, како неговата, да одлучуваат што се смета за легитимен слободен говор.
Цукерберг исто така предупреди дека прекумерната контрола ризикува да го задуши индивидуалното изразување, посочувајќи ја Кина како пример. Тој зборуваше на Минхенската конференција за безбедност во Германија.
Основачот на Фејсбук ги повика владите да излезат со нов регулаторен систем за социјални медиуми, посочувајќи дека тој треба да биде мешавина од постојните правила за телекомуникациите и медиумските компании.
„Во отсуство на таков вид регулатива ние ќе продолжиме да даваме се од себе. Јас навистина размислувам на многу од овие прашања што се обидуваат да ги балансираат различните социјални еднаквости, не станува збор само за излегување со вистинскиот одговор, туку станува збор за излегување со одговор за кој општеството смета дека е легитимно“ рече тој.
Цукерберг исто така призна дека Фејсбук бил бавен за да го препознае развојот на координирани мрежни „информативни кампањи“ од државни актери како Русија. Тој додаде дека злобните актери исто така стануваат подобри во покривањето на нивните патеки со маскирање на ИП-адресите на корисниците.
Гигантите на социјалните медиуми како Фејсбук се под зголемен притисок да престанат да шират лажни информации. Особено Фејсбук е критикуван за неговата политика на политичко рекламирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Додека Трамп бил во зградата на конгресниот центар во Давос се активирал противпожарен аларм
Доцна синоќа во Конгресниот центар во Давос за време на Светскиот економски форум беше активиран противпожарен аларм. Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, бил во зградата во тоа време, објави швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, пренесе Анадолија.
Портпаролот на кантоналната полиција на Граубинден изјави дека до среда вечерта сè уште не е познато што точно го предизвикало инцидентот.
Трамп бил во зградата кога се вклучил алармот, каде што претходно одржал говор во текот на денот.
Полицијата соопшти дека нема повредени, а дополнителни пожарникари, полиција и амбулантни возила биле испратени на местото на настанот за секој случај, со оглед на зголемените безбедносни мерки за време на форумот.
🚨 BREAKING — DAVOS UNDER FIRE
Reports say the WEF conference centre has been EVACUATED amid an emergency response.
Firefighters everywhere. Helicopters overhead. Local media cite a fire at a nearby hotel.
LA7 reporter on scene: “It’s full of firefighters… this is an… pic.twitter.com/CuEieomSqy
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) January 21, 2026
Се запали и штанд за фонду
Ова е втората вонредна ситуација поврзана со пожар во Давос. Според полицијата, се запали и штанд за фонду во близина на хотелот, поради што гостите беа привремено евакуирани. Немаше повредени ниту во тој инцидент.
Свет
(Видео) Поплави и одрони на Нов Зеланд: се трага по исчезнати лица
Службите за итни случаи на Нов Зеланд бараат неколку лица, вклучувајќи и едно дете, кои се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето погоди камп во планината Маунгануи.
Силни бури предизвикаа огромна штета низ Северниот Остров, а во пет региони е прогласена вонредна состојба по неколкудневните рекордни врнежи од дожд, објавува „Гардијан“.
A state of emergency has been declared in New Zealand after recording its wettest 24 hours on record, leading to sudden widespread flooding. #9News
MORE INFO: https://t.co/K5ZondO3YP pic.twitter.com/bI0fG8tmcI
— 9News Australia (@9NewsAUS) January 27, 2023
Министерот за управување со вонредни состојби, Марк Мичел, изјави за RNZ дека делови од источниот брег се како „воена зона“.
Хеликоптери се користат за спасување на семејствата кои се засолниле на покривите на своите домови од поплави. Лизгањето на земјиштето се случи утрово во камп во популарната туристичка дестинација на планината Маунгануи. Министерот Мичел потврди дека едно девојче е меѓу исчезнатите.
„Во моментов е чувствително прашање“, рече тој. „Сите работат напорно колку што можат за да го постигнат најдоброто можно решение, но нема сомнение дека станува збор за многу тешка и предизвикувачка ситуација“, додаде тој.
Портпаролот на противпожарната служба и службите за итни случаи, Вилијам Пајк, изјави дека првите луѓе кои реагирале на местото на настанот слушнале повици за помош од свлечиштето.
„Се обидоа да влезат во урнатините и слушнаа неколку гласови. И противпожарната екипа ги слушна“, рече тој.
Снимките од планината Маунгануи покажаа превртени кампери и искорнати дрвја. Сведоците им кажаа на локалните медиуми дека слушнале екстремно гласен шум пред голем дел од ридот да се сруши врз кампот.
Свет
(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн
Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се сметаат дека извршуваат прекршување кон Конгресот поради одбивањето да сведочат за нивните врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн, што би можело да доведе до кривични обвиненија.
Бил Клинтон беше осуден во Комитетот со 34-8 гласови, а Хилари Клинтон 28-15, при што сите републиканци гласаа за мерките. Следниот чекор е гласањето на целиот Претставнички дом за упатување на случајот до Министерството за правда за можни кривични обвиненија.
Клинтонови тврдат дека судските покани се политички мотивирани и одбиваат да се појават пред одборот, додека Бил Клинтон наводно бил подготвен да сведочи во својата канцеларија во Њујорк, што комитетот го одбил.
Непочитувањето на Конгресот е прекршок казнив со до една година затвор и 100.000 долари. Истрагата на комитетот се однесува на врските на Епштајн со поранешниот претседател и поранешниот државен секретар, додека политичките тензии дополнително се засилија поради соперништвото меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп во претседателската трка во 2016 година.

