Свет
Чавушоглу го откри турскиот план за „Aја Софија“, повторно станува џамија
Статусот на „Аја Софија“, истанбулската црква од 6 век, претворена во џамија и музеј во 30-тите, е прашање на национален суверенитет, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
„На крајот, тоа не е меѓународно прашање. Станува збор за национален суверенитет“, изјави Чавушоглу за мрежата НТВ одговарајќи на прашањето дали таа ќе биде отворена за исламски обреди.
„Аја Софија“ е впишана на списокот за светско наследство на УНЕСКО, но строгите толкувачи на исламската вера долго време бараат денешниот музеј повторно да стане џамија.
Во мај во „Аја Софија“ се одржуваа молитви на годишнината од османлиското освојување на тогашниот Цариград во 1453 година, а денес Истанбул.
„Некои кругови надвор од турската нација не може да се помират со тоа на кого му припаѓа ‘Аја Софија’, па дури ни Истанбул, и тоа денес, 567 години по освојувањето“, рече тој.
„Важно е она што го сака турскиот народ“, додаде турскиот началник на дипломатијата држејќи документ од 1462 година, во кој се вели дека „Аја Софија“ е регистрирана како џамија.
За многу Турци, сегашниот статус на „Аја Софија“ е симбол на секуларниот устав на земјата. Црквата била изградена од Византијците, а Османлиската Империја ја претворила во џамија за да стане музеј во 1935 година.
Официјална Атина ја осудува употребата на поранешното седиште на Грчката православна црква во религиозни цели.
Чавушоглу ги отфрла лекциите од Грција и предупредува дека Атина денес е единствената престолнина во Европа без џамија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Штрајк во Италија: сообраќајот и работата на училиштата нарушени
Национален штрајк на најголемиот синдикат во Италија, организиран во знак на протест против буџетот на премиерката Џорџа Мелони за 2026 година, денес собра десетици илјади луѓе на улиците, со што се наруши сообраќајот на возовите, училиштата и другите јавни услуги низ целата земја.
Синдикатот CGIL проценува дека околу 61 процент од сите вработени во јавниот и приватниот сектор се приклучиле на штрајкот, додека повеќе од 500.000 луѓе учествувале на протестни собири во поголемите италијански градови.
CGIL има околу пет милиони членови, од кои половина се пензионери. „Поголемиот дел од работниците што ја водат оваа земја не се согласуваат и не го прифаќаат буџетот на оваа влада. Денес е појасно од кога било дека ни требаат промени“, изјави шефот на CGIL, Маурицио Ландини, на митинг во Фиренца.
CGIL, заедно со другите синдикати, го критикуваше планираното зголемување на трошоците за одбрана и повика на повеќе инвестиции во здравството и образованието, како и мерки за зголемување на платите и пензиите.
Владата вели дека буџетот, кој е добро прифатен од финансиските пазари и агенциите за рејтинг, ги зајакнува јавните финансии на Италија, а воедно ги намалува даноците за лицата со средни приходи. Италија во последните месеци доживеа низа штрајкови и протести низ целата земја против економските политики на владата и поддршката за Израел.
Фото: депозитфотос
Свет
Песков: Москва инсистира на мир
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва инсистира на мир, а не на прекин на огнот, и ја отфрли идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување референдум за територијалното прашање.
„Ако идејата е да се создаде изговор за барање прекин на огнот, пауза на фронтот, тогаш природно тоа нема да функционира. Бидејќи сакаме да работиме на мир, а не на прекин на огнот“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ истакна дека прекинот на огнот би бил „измама и трик“ и дека мирот во Украина мора да има „сигурни гаранции“.
Во четвртокот, Зеленски ја објави можноста за одржување национален референдум за територијални прашања.
Москва постојано нагласуваше дека регионите што станаа дел од Русија станаа составен дел од неа и дека ова е „неоспорен и непобитен факт“, потсетуваат медиумите.
Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин го прими во Кремљ специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, со кого разговараше околу пет часа за суштината на мировната иницијатива на САД, но сè уште не е постигнат компромис, според руската агенција.
Рускиот лидер подоцна изјави дека Вашингтон ги поделил 27-те точки од оригиналниот план во четири насоки и предложил тие да се дискутираат одделно.
Тој објасни дека ги разгледал речиси сите од нив и дека има прашања со кои Москва не се согласува.
Зеленски отпатува во Велика Британија во понеделникот, каде што разговараше за американскиот предлог со европските лидери. Според украинските медиуми, по состанокот тој повторно одби да направи какви било отстапки по прашањето за територијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Турски товарен брод погоден во ракетен напад врз Одеса
Турски товарен брод беше оштетен денес во ракетен напад во пристаништето Одеса, објави компанијата „Ченк Денизчилик“, објавија турските медиуми.
Според извештаите, во случајот нема повредени, а по нападот, на бродот избувнал пожар.
Брод што превезувал камиони од турскиот град Карасу до Одеса бил погоден во пристаништето Чорноморск кратко по пристанувањето.
Противпожарни екипи, како и екипажот на бродот, учествуваат во гаснењето на пожарот, според написите.
Фото: депозитфотос

