Свет
Чавушоглу: Признавањето на ерменскиот геноцид од САД е срамно
Турција ја осуди одлуката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да го признае ерменскиот геноцид.
Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, ја оцени одлуката како срамна и рече дека САД се обидуваат да се одмаздат за тоа што Турција се замеша во американските планови во Сирија спроведувајќи ја својата операција „Извор на мирот“.
„Оние што веруваат дека на тој начин ќе се одмазадат, грешат. Оваа срамна одлука на оние што историјата ја користат во политиката не значи ништо за нашата влада и народ“, напиша Чавушоглу на „Твитер“.
Претходно, Претставничкиот дом на САД со огромно мнозинство донесе резолуција со која го прогласи масовното убивање на Ерменците во Отоманската Империја за геноцид, а потоа го поддржа воведувањето санкции за Турција поради Сирија. Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, гласаше со 415 гласа „за“ и 11 „против“ резолуцијата, со која се одбележува ерменскиот геноцид, односно османлиското убивање на 1,5 милион Ерменци од 1915 до 1923 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Масовно уништување“: Газа на првиот ден од прекинот на огнот
Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-Ен-Ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна, пренесува медиумот.
Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста исто така го поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници кои ги држеше Хамас.
„Олеснување е конечно да се видат ослободени првите заложници и пристигнувањето на хуманитарна помош, примирјето да стапи на сила во Газа“, рече Кошта во објавата на платформата „Х“.
Тој рече дека „договорот ја носи потребната трошка надеж во регионот“.
„Сите страни мора да се придржуваат до него. Мирот е единствениот пат напред“, додаде Кошта.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш исто така го поздрави почетокот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците во Газа во објава на мрежата „Х“.
„Ние сме подготвени да ја поддржиме оваа имплементација и да ја зголемиме испораката на постојана хуманитарна помош до Палестинците кои продолжуваат да страдаат. Императив е овој прекин на огнот да ги отстрани значајните безбедносни и политички пречки за испораката на помошта“, рече Гутереш.
Свет
Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот
Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).
На овогодинешниот собир ќе присуствуваат околу 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.
Лидерските говори ќе почнат утре, по денеска е официјалното отворање на конференцијата.
Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени, под мотото „Соработка за интелигентно доба“.
Но, набљудувачите веруваат дека овогодинешниот состанок повеќе од се’ ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.
Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.
Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на неговиот мандат. Во четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видео врска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Свет
Поранешен советник на Трамп: Украина може да стане реприза на Виетнам
Ситуацијата во Украина може да стане реприза на војната во Виетнам за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, доколку тој навреме не престане да го поддржува Киев, изјави Стив Банон, поранешен главен стратег на Белата куќа и поранешен советник на Трамп.
Бенон предупреди дека Трамп ризикува дополнително да ги вовлече САД во конфликтот во Украина доколку не се откаже од поддршката за Киев. Тој ја спореди сегашната ситуација со времето на поранешниот претседател Ричард Никсон, кој се обиде и не успеа да ја извлече земјата од Виетнамската војна.
„Ако не внимаваме, ова ќе стане „Трамповиот Виетнам“. Токму тоа му се случи на Ричард Никсон. „Како резултат на тоа, тој стана одговорен и тоа стана негова војна, а не на неговиот претходник Линдон Џонсон“, изјави Банон за американските медиуми.
Тој посочи дека специјалниот претставник на новоизбраниот претседател за Украина, Кит Келог, не е во право кога вели дека конфликтот може да се прекине додека се задржува американската поддршка за Киев. Тој верува дека вовлекувањето на САД во воен конфликт не е во американски интереси, „бидејќи е невозможно да се победи“.