Свет
Четворица капачи искасани од делфин
Четворица капачи се повредени во напад на делфин на плажа во централна Јапонија, јавија јапонски медиуми.
Шеесет годишен маж претрпел бројни каснувања по рацете и неколку ребра му се скршени, откако делфин удрил во него на неколку метри од брегот на плажата Суишохама, во градот Михама, јавува Би-Би-Си.
Маж на 40-годишна возраст рано изутрината е повреден кога делфин го каснал за раката на популарна плажа.
Во текот на денот имало уште два други напади на капачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Евакуиран аеродромот Гетвик, лондонската полиција го истражува безбедносниот инцидент
Лондонскиот аеродром Гетвик, наводно, е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.
Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.
Од аеродромот соопштија дека евакуацијата била „мерка на претпазливост“ додека полицајците истражуваат „безбедносен инцидент“.
Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Свет
Украинскиот парламент ја откажа седницата поради закана од напад
Украинскиот парламент ја откажа седницата поради нова закана од напади.
„Блумберг“ пренесува дека овој потег доаѓа откако Москва вчера лансира експериментална балистичка ракета со среден дострел кон Украина.
Како што најавија надлежните, пленарната седница ќе продолжи следната недела.
Украина објави дека Русија вчера лансирала нов тип балистичка ракета кон градот Днипро како најнова ескалација на непријателствата и алармантен сигнал до западните поддржувачи на Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел лансирала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која, како што рече, современите системи немаат начин да ѝ се спротивстават.