Свет
Човекот на Трамп за Украина пристигна во Киев
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, пристигна во Киев денеска за да разговара за безбедноста и санкциите против Русија, изјави шефот на претседателската администрација на Украина, пренесува „Ројтерс“.
„Одбрана, зајакнување на безбедноста, оружје, санкции, заштита на нашите луѓе, зајакнување на соработката меѓу Украина и САД – има многу теми за дискусија“, напиша Андриј Јермак на апликацијата „Телеграм“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот синоќа изјави дека им наложил на воените команданти да му презентираат на Келог информации за руските капацитети и за украинските перспективи.
Келог исто така ќе се сретне со раководителите на безбедносната служба и разузнавачките агенции на Украина, додаде Јермак.
„Преговорите за понатамошна поддршка ќе се водат во текот на целата недела“, рече Зеленски додавајќи дека сака САД целосно да разберат што може да се направи за да се „присили Русија на мир“.
Трамп вчера изјави дека ќе испрати противвоздушни ракети „Патриот“ во Украина бидејќи тие се потребни за одбивање на зголемените руски напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија сака да ги подготви децата за војна преку училишна програма: „Тоа е разумна подготовка“
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Александар Добриндт (CSU) предложи учениците во училиштата систематски да се учат како да реагираат во кризни ситуации и во случај на војна. Тој планира да го презентира својот план во ноември на конференција на државните министри за внатрешни работи, а тој би вклучувал воведување на специјални двочасовни предавања.
„Важно е младите луѓе да разберат какви закани може да постојат и како да се подготват за нив. Децата се важни пренесувачи на знаење во семејството“, изјави Добриндт за весникот Ханделсблат, објави DW.
Остри реакции во Бундестагот
Предлогот предизвика жестоки реакции во германскиот парламент. Опозициската левица верува дека ова „шири страв кај децата и младите“, додека десничарската радикална Алтернатива за Германија (AfD) го обвини министерот за „подбуцнување војна“. Пратеникот на AfD, Готфрид Курио, тврди дека Добриндт сака „да ја направи војната неизбежен дел од секојдневниот живот“.
Од друга страна, Зелените веруваат дека идејата има смисла, но дека не е доволна. Нивниот претставник, Леон Екерт, предлага постојниот „Ден на предупредување“ да се прошири во национален ден за вежбање со цел практично да се подготват граѓаните за кризни ситуации.
Ова не е прв пат слична идеја да се дискутира во Германија. Уште за време на мандатот на претходната влада, тогашната министерка за образование Бетина Старк-Вацингер (ФДП) презентираше сличен предлог, осврнувајќи се на практиката во Велика Британија, каде што вежбите за вонредни ситуации се дел од училишната програма.
Добриндт, исто така, најави нов „пакт за заштита на населението“, кој би вклучувал подобрување на системот за предупредување, означување на заштитни зони и обезбедување основни потреби во вонредни околности.
„Нема ништо лошо во тоа секој да има основна залиха од храна, батерии и радио дома. Тоа не е паника, тоа е разумна подготовка“, рече Добриндт. Тој додаде дека интересот на граѓаните за прирачниците за цивилна заштита е голем, што покажува дека луѓето „сакаат да бидат подготвени“ во случај на криза.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина и нејзините сојузници ќе работат на план за прекин на огнот во наредните денови
Украина и нејзините сојузници се согласија да работат на план за прекин на огнот во следните десет дена, изјави претседателот Володимир Зеленски за „Аксиос“ по предлогот на американскиот претседател да се запре војната на сегашните граници.
„Неколку брзи точки како план за прекин на огнот. Одлучивме дека ќе работиме на тоа во следната недела или десет дена“, изјави украинскиот лидер за „Аксиос“ во интервју објавено во понеделникот.
Зеленски додаде дека Украина, за да изврши притисок врз Русија за разговори, бара од американската администрација не само ракети „томахавк“ туку и слични работи што не бараат долгорочна обука, пренесува „Ројтерс“.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп подложен на преглед со магнетна резонанција: „Беше совршено“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека бил подложен на магнетна резонанција, без да каже зошто.
„Беше совршено“, им рече тој на новинарите во авионот „ер форс уан“ на пат кон Токио.
Магнетната резонанција користи магнети и радиобранови за да создаде детаљни слики од внатрешноста на телото. Може да се користи за следење голем број состојби.
Порано овој месец, како што анализираат медиумите, лекарот на американскиот претседател изјави дека по медицинската процена, се утврдило дека Трамп е во „исклучителна здравствена состојба“.
Во јули Белата куќа откри дека Трамп имал оток во долниот дел на нозете и модринки на десната рака откога фотографиите го покажаа претседателот со отечени глуждови и шминка што го покрива засегнатиот дел од раката.
Фото: принтскрин

