Свет
Човек жив изеден од бубачки во затвор: „Ќелијата во која беше сместен не беше погодна ниту за животно“
Човек кој починал во затворската ќелија во Атланта бил „жив изеден од инсекти и бубачки“, тврди адвокатот на семејството.
Лашаун Томпсон бил казнет за ситен прекршок и сместен во психијатриското крило на затворот во округот Фултон, откако официјалните лица го прогласија за ментално болен. Тој не беше осуден за делото.
Адвокатот на семејството објави фотографии на кои се гледа телото на г-дин Томпсон преполно со бубачки и повика на кривична истрага.
„Томпсон беше пронајден мртов во валкана затворска ќелија откако беше жив изеден од инсекти и бубачки. Затворската ќелија во која бил сместен не била погодна за болно животно. Тој не го заслужи ова“, изјави адвокатот на новинарите и изјави дека судскиот процес е во тек.
A 35-year-old man died inside of a filthy Georgia jail cell after being “eaten alive” by insects and bed bugs. He was held in this disgusting cell for 3 months.
Allegedly jail staffers noticed that he was “deteriorating” but did nothing to help him. pic.twitter.com/A188iAhfj6
— Daily Loud (@DailyLoud) April 14, 2023
Според извештајот на медицинскиот преглед на округот Фултон, починатиот Томпсон бил пронајден во неговата затворска ќелија на 19 септември 2022 година- три месеци по неговото апсење – и бил прогласен за мртов по напорите на локалната полиција и медицинскиот персонал да го реанимираат.
Адвокатот вели дека затворските досиеја покажуваат дека затворските службеници и медицинскиот персонал забележале дека состојбата на Томпсон се влошува, но не направиле ништо за да му пружат помош или на друг начин да му помогнат, пренесува Би-Би-Си.
Во извештајот на лекарот беше наведено дека во неговата ќелија во психијатриското одделение имало „тешка наезда од бубачки“, но се вели дека на телото на Томпсон нема очигледни знаци на траума, па затоа во извештајот е наведена причината за смртта како неутврдена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вели дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД.
-„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на платформата „Truth social“.
Тој ја даде изјавата додека високи функционери од САД, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија разговараат за нацрт-планот на САД за завршување на војната во Украина во Женева.
-Војната меѓу Русија и Украина е насилна и ужасна војна која, со силно и вистинско американско и украинско лидерство, никогаш немаше да се случи. Започна долго пред да го земам мојот втор мандат, за време на администрацијата на заспаниот Џо Бајден, и само се влоши, рече Трамп.
„Доколку претседателските избори во 2020 година не беа наместени и украдени, немаше да има војна меѓу Украина и Русија…Наследив војна што никогаш не требаше да се случи, војна што е губитничка за сите, особено за милионите луѓе што толку непотребно загинаа, заклучи Трамп.
Свет
Зеленски: Мировниот план на САД може да вклучува елементи од клучно значење за Украина
Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски.
„Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори“, напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со ЕУ и САД во Женева.
-Работата продолжува за постигнување на главната цел што ја очекува нашиот народ: да се стави крај на крвопролевањето и војната, додаде тој.
Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинските власти не изразиле никаква благодарност за напорите на САД по ова прашање, а Европа продолжува да купува нафта од Русија.
Свет
Фон дер Лајен: ЕУ мора да игра централна улога во обезбедувањето мир во Украина
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ мора да игра „централна улога“ во обезбедувањето мир во Украина и дека ова е еден од главните елементи за „праведен и траен мир и суверенитет на Украина“.
Делегација од Украина, европски безбедносни претставници и американска делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио денеска се среќаваат во Женева за да разговараат за неодамна протечениот предлог на САД за прекин на војната во Украина.
Во соопштение објавено на веб-страницата на ЕК, фон дер Лајен изјави дека одржливиот мировен план, покрај запирањето на војната, не смее „да сее семе на иден конфликт“.
Таа додаде дека „границите не можат да се менуваат со сила“ и го отфрли ограничувањето на персоналот во украинската армија, што е една од точките на протечениот мировен план.
-Не може да има ограничувања на украинските вооружени сили што би ја направиле земјата ранлива на идни напади и со тоа би ја поткопале европската безбедност, се вели во соопштението.
Фон дер Лајен изјави дека „Украина мора да има слобода и суверено право да ја избере својата судбина“ и дека избрала „европска судбина“, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи да работи со Украина, коалицијата на земји што ја поддржуваат Украина и САД за да се постигне „вистински напредок кон мирот“.
Таа изјави дека „клучен елемент“ на мировниот договор мора да биде и „враќањето на секое украинско дете киднапирано од Русија“.

