Европа
Швајцарка за неколку минути трипати прегазена од сопствениот автомобил

Швајцарка е тешко повредена откако излегла од својот автомобил, кој го оставила со вклучен мотор, а потоа тој трипати ја прегазил, соопшти локалната полиција.
45-годишната жена излегла од својот автомобил во станбената населба во Сент Гален, во североисточна Швајцарија, веројатно со цел да извади нешто од багажникот, соопшти регионалната полиција, а пренесува швајцарската новинска агенција „АТС“. Но, тогаш автомобилот почнал да се движи наназад.
Жената залудно се обидувала да го запре возилото, пред да падне на земја и првпат да биде прегазена.
Автомобилот потоа удрил во друго возило и се одбил од него пред да тргне наназад, прегазувајќи ја жената по вторпат, соопшти полицијата.
Откако удрил во работ од улицата, автомобилот повторно се упатил кон несреќната жена и третпат ја прегазил, за на крајот да удри во дрвена преграда и да застане.
Жената е пренесена во болница во тешка состојба, јавува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.
Европа
(Видео) Пред точно три години Путин му се обрати на светот, а тенкови ја минаа границата

На денешен ден пред точно три години започна сеопфатната руска инвазија врз Украина. Руските сили, под наредба на Владимир Путин, започнаа сеопфатен напад врз Украина со цел да ја преземат контролата врз територијата, предизвикувајќи го најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна.
Инвазијата резултираше со десетици илјади жртви, масовно уништување на инфраструктурата и раселување на милиони луѓе. Украина и денес се спротивставува на руската агресија, три години по тој ден, и се стреми да ја зачува својата независност и територијален интегритет.
Потсетување на хронологијата од тој ден со придружната снимка, која на Икс ја објави Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.
24.02.2022: the chronicle of a day that changed the fate of the entire world
▪️ It all started with Putin's speech, in which he announced the decision to start the so-called "SMO".
▪️ At 5:00 Russian troops attacked the state border of Ukraine from Russia and Belarus within the… pic.twitter.com/5gbumcCMlB— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 24, 2025
- Се започна со говорот на Владимир Путин во кој тој го најави почетокот на т.н „специјални воени операции“.
- Во 5:00 часот, руските сили ја нападнаа државната граница на Украина од правец на Русија и Белорусија, во границите на регионите Луганск, Суми, Харков, Чернихив и Житомир. Покрај тоа, напад беше покренат од правец на окупираниот Крим. Ракети погодија десетици градови.
- Во 6:11 часот, претседателот Зеленски го свика Советот за национална безбедност и одбрана (NSDC), кој прогласи вонредна состојба.
- Во 6:46, Зеленски им се обрати на Украинците: „Не паничете! Ние сме силни, подготвени сме на се. Ќе победиме се. Затоа што ние сме Украина. Слава на Украина!“
- Веќе во 7:53 се појавија информации дека се соборени 5 авиони и 1 хеликоптер на Вооружените сили на Руската Федерација. Пристигнаа и првите вести за жртви меѓу војниците и цивилите.
- Во 10:40 часот, две „неидентификувани цели“ им се заканија на украинските граничари на Змискиот остров во Црното Море. Војниците зазедоа одбрана, а на агресорот му беше упатена фраза која стана мото на целата нација
- Во 12:40 часот руските специјални сили тргнаа во воздушен десант на аеродромот во Хостомел во близина на Киев.
- Во 13 часот руска оклопна колона го започна својот пробив кон Киев.
- Во 13 часот, министерот за одбрана Олексеј Резников изјави: „Сите што се подготвени да земат оружје, приклучете се на Територијалната одбрана. Ние им даваме оружје на сите патриоти кои се подготвени да го употребат против непријателот без двоумење!“
- Во 15 часот, портпаролот на Кремљ Песков изјави дека Путин е „подготвен за преговори“ доколку Украина ги прифати неговите услови.
- Во 16:00 часот руските сили напредуваа во регионот Суми и влегоа во зоната на Чернобил.
- По 17:30 часот, во близина на Чернихив се предаде извиднички вод на 74-та моторизирана бригада на вооружените сили на Руската Федерација.
- Во текот на првиот ден од инвазијата загинаа 57 лица, а 169 беа ранети.
- Околу 18 часот Зеленски им се обрати на светските лидери: „Ако не ни помогнете денес, утре војната ќе затропа на вашите врати“.
- Во 22:00 часот, 16 часа по почетокот, украинските вооружени сили, граничарите, спасувачите и припадниците на другите безбедносни сили херојски ја одржаа одбраната