Европа
Шведската академија го избра третиот нов член

Комитетот на Шведската академија кој ја доделува Нобеловата награда за литература го избра денеска како нов член Матс Малм, експерт за древните скандинавски јазици.
Малм, професор по литература на Универзитетот во Гетеборг, стана третиот нов член именуван овој месец. Комитетот на Шведската академија во почетокот на октомври назначи двајца нови членови и работи на изборот на други членови и враќање на довербата во оваа институција.
Поради скандалот, кој го наруши угледот на Шведската академија, седум нејзини членови мораа да поднесат оставка или да бидат сменети, а Жан-Клод Арно, сопругот на Кетрин Фростенсон и членка на Нобеловиот комитет, осомничен за силување и финансиски измами, е обвинет по две точки од обвинението за силување една жена во 2011 година.
Комитетот на Академијата кој ја доделува Нобеловата награда за литература побара Кетрин Фростенсон да го напушти телото, кое во моментов се обидува да го врати својот углед.
Шведската академија објави дека оваа година нема да додели награда за литература, а повеќе од 100 шведскиот културни работници, по секс-скандалот, основаа нова Академија, алтернативно тело за доделување такви награди. Новата академија и ја додели наградата за книжевост на Мариса Конде по потекло од Гвадалупе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Ги поддржуваме мировните напори на Трамп, но ги отфрламе гаранциите на ЕУ за Украина

Кремљ на денешниот редовен брифинг за медиумите изјави дека ги смета напорите на САД за постигнување мир во Украина за „многу важни“ и дека тие би можеле да помогнат во решавањето на долготрајниот конфликт. Сепак, портпаролот Дмитриј Песков јасно стави до знаење дека Москва има негативен став кон европските предлози за безбедносни гаранции за Украина.
Песков го повтори долгогодишниот став на Русија дека не треба да има распоредени трупи од земјите-членки на НАТО на украинска територија. На прашањето за можни мировни разговори на високо ниво, тој рече дека ваквите состаноци мора внимателно да се подготвуваат за да бидат ефикасни.
По извештаите дека руските напади во текот на ноќта биле насочени кон украинската енергетска инфраструктура, Песков рече дека Русија ги таргетирала само воените и воено поврзаните цели.
Песков, исто така, објави дека се во тек интензивни подготовки за претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина.
Путин ќе присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка, кој ќе се одржи од 31 август до 1 септември во кинескиот пристанишен град Тјенџин. Според Песков, на самитот ќе учествуваат повеќе од 20 светски лидери.
Потоа, Путин ќе го посети Владивосток, голем руски пристанишен град во близина на кинеската и севернокорејската граница, на 5 септември.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинци: Експлодира главниот нафтовод што ја снабдува Москва

Главниот нафтовод што испорачува нафтени деривати во Москва експлодира во рускиот регион Рјазан, дознава „Укринформ“ од извор во Одбранбена разузнавачка служба на Украина (ДИУ).
Според нив, вчера се случила силна експлозија на нафтоводот „Рјазан-Москва“, еден од главните правци за снабдување на руската престолнина со нафтени производи.
Според извори на ДИУ, откога локалните канали на „Телеграм“ во Рјазан пријавија гласна експлозија на дел од цевководот, избувна голем пожар. Пожарникарите и амбулантните возила беа испратени во рок од неколку часа за да го изгаснат пожарот, објави „Укринформ“.
An explosion reportedly hit the Ryazan-Moscow oil pipeline on August 26, one of the key fuel supply routes to the Russian capital. The pipeline, repurposed in 2018 by Transneft to transport gasoline—also used by Russia’s military—is now out of operation, RBC-Ukraine reports. pic.twitter.com/qF3Yz4M60X
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) August 27, 2025
Жителите пријавија дека полицијата и други тимови се во областа на селото Божатково во регионот Рјазан работејќи на отстранување на последиците од експлозијата и пожарот.
Според украинските медиуми, од 2018 година овој цевковод е пренаменет за снабдување со бензин на компанијата „Транснефт“, која исто така снабдува гориво и за руската војска.
Според ДИУ, инцидентот предизвикал протокот на нафтени производи кон Москва да биде суспендиран на неодредено време.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Министерот за транспорт на Турција се сними себеси како вози со 225 км/ч додека слуша музика: набргу беше казнет

Турскиот министер за транспорт е казнет за пребрзо возење кога објави видео од себе како вози на автопат со народни песни што ечат од неговиот автомобил под хаштагот #TurkeyAccelerates.
Во неделата вечерта министерот Абдулкадир Уралоглу сподели видео на интернет на кое се гледа како вози на автопат во близина на главниот град Анкара слушајќи народни песни и извадоци од говорите на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Во неколку одделни видеа, на кои ненамерно се прикажува брзинометарот, може да се види како тој достигнува брзина помеѓу 190 и 225 км/ч. Ограничувањето на брзината на овој автопат во Турција е 135 км/ч.
Неколку часа подоцна Уралоглу го објави повторно видеото признавајќи дека бил казнет за пречекорување на дозволената брзина пишувајќи дека со споделувањето на видеото, тој го предизвикал тоа.
Türkülerle Ankara-Niğde Otoyolu hatırası… 📹🎶
Yorulduğumuzda Sn. Cumhurbaşkanımızdan ilham alıyor, “Yeterince çalışmadık” diyerek yolumuza devam ediyoruz…#TürkiyeHızlanıyor 🇹🇷 pic.twitter.com/iGToOlTpfD
— Abdulkadir URALOĞLU (@a_uraloglu) August 24, 2025
„Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара – Нигде и ненамерно го пречекорив ограничувањето на брзината за кратко време. Всушност, се осудив себеси со видеото“, напиша тој.
Казната, чија копија ја објави, покажуваше дека Уралоглу возел со 225 км/ч и бил казнет со 9.267 турски лири (190 евра).
„Отсега па натаму ќе бидам многу повнимателен. Почитувањето на ограничувањето на брзината е задолжително за сите“, изјави министерот.