Свет
Шведската амбасада негира дека е притворен нејзин дипломат на протест во Москва
Извештаите дека шведски дипломат бил приведен на неодобрен митинг во Москва се невистинити, изјави за ТАСС претставник на шведската амбасада.
„Шведската амбасада во Москва остро ги негира извештаите дека шведски дипломат бил приведен во врска со протестни активности во Москва“, рече официјалното лице.
Еден вработен во шведската амбасада во Москва присуствувал на неодобрен митинг во Русија, ја информирал рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, својата шведска колешка Ан Линд на состанокот вчера, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
„Должност на дипломатите е да внимаваат што се случува, но тоа не треба да се прави во форма на политичка акција и без учество на митинзи. Патем, шведски дипломат учествуваше на митинзи. Тој беше присутен таму и ова прашање беше отворено и денес на состанокот на Лавров со Линд“, рече Захарова за ТВ-каналот „Дожд“ во вторникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

