Свет
Шведската лекарка ја вратила Нобеловата награда која не ја ни добила?
Веста дека шведска лекарка, која добила Нобелова награда за мир во 1988 година како член на мировните сили на ООН, ја вратила наградата, го обиколи регионот. Веста особено предизвика интерес бидејќи се наведува дека таа ја вратила наградата како реакција на доделувањето на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Питер Хандке во Стокхолм. Ваквата одлука предизвика реации и протести.
Šveđanka dr Christina Doctare koja je navodno vratila Nobelovu nagradu za mir koju je navodno dobila 1988. godine, uopšte NIJE DOBILA Nobelovu nagradu za mir.
To što je radila za UN, pa misli da je ona jedna čitav UN Peacekeeping Forces, to je več njen problem u glavi. ?? pic.twitter.com/85WAaowHCB— AnaB(nePremijer?)? (@AnaB1020) December 10, 2019
Во морето бурни реакции што ја оспоруваат одлуката на Нобеловиот комитет се издвојуваше гестот на извесна шведска лекарка Кристина Доктара.
Според „Спутник“, таа одела меѓу насобраните пред центарот АБФ во Стокхолм и ја објавила драматичната одлука: „Ја враќам мојата Нобелова награда!“
Информациите од светските, регионалните и од домашните медиуми наведуваат дека таа ја добила Нобеловата награда за мир за мир во 1988 година како член на мировните сили на ООН. „Но, колку е тоа точно“, прашува „Спутник“.
Едноставен поглед на листата на Нобеловиот комитет вели дека нејзиното име не е меѓу добитниците на Нобеловата награда за мир во 1988 година. Наградата им била доделена на сите мировници на ООН од 1948 до 1988 година како колектив, а станува збор за повеќе од 500.000 луѓе од 53 земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

