Свет
Шведска ги продолжува постоечките мерки против короната за уште 2 недели поради ширењето на омикрон

Шведска ќе ги продолжи постоечките епидемиолошки мерки за уште две недели, изјави денеска министерката за здравство Лена Халенгрен.
Постојните мерки се продолжени поради омикронскиот сој на коронавирусот, кој со голема брзина се шири во земјата, рече Халенгрен на прес-конференција, пренесува „Ројтерс“.
Мерките се однесуваат на локали и ресторани кои можат да работат само до 23 часот, а дозволено е присуство на 500 лица во поголемите затворени простори.
Минатата недела во Шведска се потврдени околу 270.000 случаи, а ширењето на вирусот го оптоварува здравствениот систем, наведува британската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руското Министерство за надворешни работи: Полска шири митови

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата дека беспилотните летала намерно влегле во полскиот воздушен простор, нарекувајќи ги митови.
Ја обвини Варшава за „понатамошно ескалирање на украинската криза“ со вакви тврдења, но потврди дека е подготвена да учествува во евентуални разговори со Полска.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека „ниту една педа на територијата на Полска не е планирана како цел“ и дека максималниот дострел на руските беспилотни летала што се користат во нападот врз Украина не надминува 700 километри.
Свет
Трамп: Што е сега тоа што Русија го нарушува полскиот воздушен простор со дронови

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го коментираше случајот со дроновите што го нападнаа полскиот воздушен простор синоќа.
„Што е сега тоа што Русија го нарушува полскиот воздушен простор со дронови? Одиме!“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Тру соушал“. Тој не прецизираше со што започнува.
Белата куќа претходно потврди дека Трамп и неговите соработници ја следат ситуацијата и дека ќе разговараат со полскиот претседател во текот на денот.
Свет
Катарците за израелскиот напад: „Мислев дека e крај на светот“

Главниот град на Катар, Доха, утрово се врати во вообичаениот ритам: автомобили се движат по улиците, а облакодерите блескаат на сонцето. Сепак, тензиите на Блискиот Исток растат, а се поставува и клучно прашање – каде се границите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неговата конфронтација со Хамас, ако воопшто ги има, објавува Би-Би-Си.
Досега, нападот врз Хамас на катарска територија се сметаше за црвена линија што Израел нема да ја премине. Вчерашниот напад го разби тоа верување – заедно со евентуалните шанси за договор за прекин на огнот во Газа.
Хамас тврди дека израелскиот напад ги промашил своите главни цели, меѓу кои бил и протераниот лидер на Газа и главен преговарач Калил ал-Хаџа. Нема официјални информации за неговата состојба или местоположба. Палестински извор надвор од Газа тврди дека Хаџа е сериозно ранет, дека е во болница и дека лекарите не му даваат многу шанси за преживување. Ова не е потврдено, а нема вести од Хамас во Газа.
Она што е познато е дека синот на Хаџа, шефот на неговата канцеларија и тројца телохранители се убиени. Останува нејасно дали телохранителите биле со него во времето на ударот, но според протоколот требало да бидат.
Претставниците на Хамас во Доха не се достапни, нивните телефони се исклучени. По години релативно слободно движење во Катар, тие сега веројатно носат многу различни одлуки. Впечатокот е дека повеќе нема правила.
Во кварт со луксузни вили и дипломатски резиденции, недалеку од местото на ударот, улиците се застрашувачки празни.
Израелскиот напад направи голема дупка во зградата каде што раководството на Хамас се состануваше за да разговара за мировниот предлог на САД. Репортер на Би-Би-Си успеа да види дел од штетата, но присуството на полицијата го спречи да се приближи. Според медиумските извештаи, израелските претставници го нарекоа нападот со кодно име „Суден ден“.
Во локален фризерски салон, новинарите разговараа со сведокот, 42-годишен маж кој сакаше да остане анонимен. Стравот беше видлив на неговото лице додека ги раскажуваше моментите од нападот.
„Бучавата беше толку гласна што срцето ми чукаше како лудо“, рече тој. „Мислев дека е крај на светот. Слушнав пет ракети и почнав да бегам. Многу луѓе трчаа. Нормално ништо не се случува тука“, додаде тој. Кога го прашаа дали се плаши дека Израел може повторно да нападне, тој тивко одговори: „Многу се плашам“.
Без разлика дали Израел ги погодил предвидените цели, едно е сигурно – успеа да го налути американскиот претседател Доналд Трамп и да го разбесни Катар. Државата од Персискиот Залив е клучен сојузник на САД, каде што од 2012 година е домаќин на политичкото раководство на Хамас, како и на американските воени бази.
Катар го нарече израелскиот напад „државен тероризам“.
Катарскиот премиер Мохамед Ал Тани рече дека САД не ја известиле Доха однапред. Првиот повик од американски службеник дошол, тврди тој, само 10 минути по почетокот на нападот.