Европа
Шведска ги укина мерките, ги прекина тестирањата и ги отвори границите
Тoчно на полноќ, приближно две години по почетокот на пандемијата, Шведска ги укина сите епидемиолошки мерки, го прекина масовното и бесплатно тестирање за Ковид-19 и целосно ги отвори границите за сите граѓани на Европската Унија.
Дури и бројките на заразени и починати исчезнаа од ударните позиции во шведските медиуми. Покрај пандемијата, која и натаму е во ек (Шведска забележа десетици илјади позитивни тестови во последните денови), од утрово властите само потсетуваат на советите до невакцинираните да избегнуваат метеж во затворени простории и им препорачуваат на сите да останат дома доколку имаат симптоми на Ковид-19.
„Пандемијата не е завршена, но ограничувањата и рестркциите се. Сè уште има посебни совети за невакцинираните лица. Важно е сите граѓани да останат дома доколку имаат симптоми. Тие не мора да се тестираат освен ако не работат во сферата на здравството и социјалната заштита. За нив постојат посебни правила на однесување“, изјави шведската министерка за здравство, Лена Халенгрен, додавајќи:
„Сè уште има потреба луѓето да се вакцинираат. Доколку сте примиле две дози од вакцината, треба да земете и трета. За да продолжи заштитата од ширење на инфекцијата, но и од сериозна болест, потребни се три дози“.
Врз основа на одлуката на властите од денеска (среда), веќе не важат следните епидемиолошки мерки: задолжителна контрола за ковид-сертификат за сите јавни собири во затворени простории со повеќе од 50 луѓе, сите јавни собири во затворен простор мора да имаат места за седење, ограничување на јавните собири во затворени простории на 500 луѓе (во спортот 500 луѓе по трибина) и најмалку 10 квадратни метри простор по учесник.
Укинато е и затворањето на рестораните и баровите во 23 часот, ограничувањето од осум лица на маса во рестораните со најмалку еден метар растојание меѓу масите, како и тоа дека јавните простори како што се вежбалници, музеи, галерии, забавни паркови и базени мора да обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор по посетител.
Укинати се и препораките за работа од дома, за избегнување на возрасните да учествуваат на масовни спортски натпревари и кампови, делумно да се одржува настава од далечина на универзитетите и да се носи маска во случај на метеж во јавниот превоз.
Исто така граѓаните на ЕУ/ЕЕА и Швајцарија повеќе не мора да докажуваат дека се вакцинирани или негативни на тестовите за ковид при влез во Шведска. Вратата е ширум отворена како и пред пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

