Свет
Шест војници убиени во напад на талибанците во јужен Авганистан

Талибанците нападнале контролен пункт на Авганистанската национална армија во јужната провинција Забул, при што загинаа шест војници, соопшти авганистанското Министерство за одбрана, пренесува „Спутник“.
Нападот се случил во областа Аргандаб доцна од неделата како резултат на инфилтрација во вооружените сили. Напаѓачот одзел неколку оружја и избегал од областа. Неколку милитанти биле убиени во последователните судири со вооружените сили.
Гувернерот на Забул, Рахматула Јармал, негирал дека трупите биле убиени како резултат на инфилтрација. Тој тврди дека шест војници загинале по судирите со талибанците, кои планирале масовен напад во областа.
Талибанците сè уште не го коментирале инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Нова средба меѓу Русија и Америка

Руска делегација пристигна во Истанбул на преговори со американски претставници. Ова е втора средба во живо меѓу американски и руски претставници откога рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина пред три години. Првата се одржа неодамна во Ријад, без учество на претставници на Украина и ЕУ, што предизвика гласни критики од двете страни.
📹 The Russian delegation, comprising experts on Russia-US relations, arrives at the venue of the talks with the US delegation in Istanbul pic.twitter.com/15fLz5rk8J
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) February 27, 2025
Како што јави Би-би-си, целта на средбата во Истанбул е да се решат несогласувањата во врска со работата на нивните амбасади во Вашингтон и Москва. Оваа средба доаѓа откога турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека Турција ќе одигра важна улога во завршувањето на војната во Украина.
Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина во 2022 година Турција се обидува да ја преземе улогата на посредник одржувајќи блиски врски со двете страни – Украина и Русија.
Свет
Трите најголеми австриски центристички партии се договорија за владејачка коалиција

Трите најголеми австриски центристички партии во парламентот постигнаа договор за формирање коалициска влада без крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО) и планираат да го претстават подоцна денеска, пет месеци по победата на ФПО на последните парламентарни избори.
Конзервативната Народна партија (ОВП), Социјалдемократите (СПО) и либералниот Неос соопштија дека нивната заедничка владина програма ќе ја објават на прес-конференција.
Лидерите на трите партии веќе изразија уверување во саботата за постигнување договор за формирање коалициска влада без десничарските популисти. Со овој договор Австрија би добила влада по најдолгиот период на чекање од Втората светска војна.
Партијата на слободата (ФПО) победи на парламентарните избори во септември со речиси 29 отсто од гласовите, но во јануари доби мандат од претседателот да формира коалициска влада по неуспешниот прв обид на ОВП, СЈО и Неос.
Обидите за формирање на оваа трипартиска коалиција беа обновени откога и обидот на ФПО пропадна.
Европа
Шест деца уапсени откога беше застрелан 11-годишник во Ротердам: неговата состојба сè уште е сериозна

Полицијата во холандскиот град Ротердам оваа недела уапси шест малолетници откога 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера холандската полиција, а пренесува „Телеграф“.
Според холандските медиуми, апсењата се извршени во последните три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и 16-годишно момче од Еншеде.
По истрагата, малолетниците станале осомничени, а некои од нив ѝ се предале на полицијата, пишува „Телеграф“. Како што се дознава, полицијата не ја исклучува можноста за дополнителни апсења. Освен тоа, тие се осомничени и за поседување огнено оружје и муниција. „Секој осомничен е испрашуван поединечно за неговата улога во овој инцидент“, соопшти полицијата.
Сите малолетници што беа уапсени се во притвор и денеска и утре ќе бидат изведени пред истражен судија во Ротердам, кој ќе одлучи дали ќе им го продолжи притворот. Веднаш по инцидентот, полицијата пронашла огнено оружје на тревната површина во близина на станбената зграда, пренесува „Телеграф“.
Момчето морало да биде реанимирано и однесено во болница во критична состојба. Што точно се случило на местото на злосторството сè уште е нејасно, но полицијата утврдила дека 11-годишното момче било застрелано. Неговата состојба сè уште е сериозна.