Свет
Шест лица ранети во престрелка во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче
Шест лица се ранети во пукање во продавница во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче и нејзината мајка, соопшти денеска полицијата.
„Жената беше застрелана во стомакот, додека напаѓачот кој ја држеше како штит остана неповреден, изјави началникот на њујоршката полиција Џон Чел“, пренесе АП.
Нема информации за состојбата на повредените, а Чел го опиша инцидентот како „дрзок и кукавички напад врз невините њујорчани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над 750 земјотреси во Егејското Море во последните 10 дена, 7.000 луѓе го напуштија Санторини
Од 26-ти јануари, во Егејското Море се регистрирани 754 земјотреси, а интензивната сеизмичка активност продолжува на и околу грчките острови Санторини, Аморгос, Анафи и Иос, јавува „Анадолија“.
Илјадници луѓе бегаат од грчкиот остров Санторини во јужниот дел на Егејското Море, вознемирени од континуираната интензивна сеизмичка активност, јавуваат локалните медиуми.
Додека многу луѓе загрижени за земјотресот го напуштија островот со траект или авион, оние што останаа се на готовност.
Околу седум илјади луѓе заминаа овие денови, соопштија властите.
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано утринава, а неколку часа подоцна следеше уште еден со јачина од пет степени.
Експертите тврдат дека земјотресите не се поврзани со вулканска активност на островот и додаваат дека потресите ќе траат најмалку седум дена.
Геолозите сметаат дека со помали земјотреси се намалува можноста за посилен.
„Тоа значи дека нема да имаме голем земјотрес“, вели Атанасиос Ганас, директор за истражување на Геодинамичкиот институт.
Свет
Десет лица загинаа во нападот во училиштето во Шведска, мртов е и напаѓачот, потврди полицијата
Полицијата соопшти дека десет лица се убиени во пукањето во училиштето за возрасни „Кампус Рисбергска“.
Се работи на нивно идентификување.
Починал и напаѓачот, додаваат тие.
На прашањето на новинарите дали напаѓачот се самоубил, началникот на локалната полиција во Оребро рече дека нема информации за тоа.
Полицијата соопшти дека 35-годишниот напаѓач не и е познат на полицијата и дејствувал сам, иако не е исклучено да имал помагачи.
Мотивот за овој страшен настан не е познат, тврди директорот на градската полиција Роберто Еид Форест, но се чини дека не станува збор за тероризам или организиран криминал.
Свет
Продажбата на пиво во Германија продолжува да опаѓа: ниту Европското фудбалско првенство не помогна
Продажбата на пиво во Германија падна минатата година иако земјата беше домаќин на Европското фудбалско првенство. Така, долгорочниот надолен тренд продолжи. Продажбата на пиво падна за повеќе од 10 проценти во изминатата деценија на најниско ниво од почетокот на 1990-тите.
Официјалните бројки објавени вчера покажуваат дека германските пиварници и дистрибутери продале околу 8,3 милијарди литри пиво минатата година, што е пад од 1,4 отсто во споредба со претходната година. Бројката не ги вклучува безалкохолното пиво и пивото увезено надвор од Европската унија.
Минатогодишните бројки биле за 13,7 отсто пониски од 2014 година, објави Федералниот завод за статистика. Инаку, во 2023 година е забележан пад на продажбата од 4,5 отсто. Германските производители на пиво се соочуваат со долгорочен надолен тренд. Продажбата во Германија – која сочинува повеќе од 80 проценти од продажбата – падна за 2 проценти минатата година на 6,8 милијарди литри. Зголемувањето на извозот од 1,6 отсто не може да го компензира ова.
Германија беше домаќин на фудбалското првенство во јуни и јули минатата година, магнет за љубителите на пивото. Сепак, првенството делумно се совпадна со невообичаено влажно летно време што изгледаше како да ги оддалечи луѓето од пабовите.