Европа
Гласањето за доверба на Тереза Меј зависи од уште шест писма
Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест.
На противниците на британската премиерка, Тереза Меј, од нејзината конзервативна партија им недостигаат уште шест писма за да може прашањето за нејзината доверба да го стават на гласање.
Британски „Сан“ објави дека 42 члена на Конзервативната партија обезбедиле цврсти гаранции дека тие испратиле писма на недоверба на Тереза Меј, но, како што пишуваат бритнаските медиуми, за да може да се гласа недовреба на премиерката, потребни се 48 писма.
Британската премиерка вчера изјави дека, според информациите што ги има на располагање, потребниот број гласови за прашањето за нејзината доверба сè уште не е собран.
„Колку што знам јас, нема доволно гласови“, изјави Меј за „Скај њуз“.
За да се иницира гласање за доверба, 48 пратеници од Конзервативната партија на Тереза Меј треба да испратат писмо до претседателот на одборот кој е одговорен за раководството на партијата, меѓутоа претседателот претходно за Би-би-си потврди дека до рано изутринава сè уште не се пристигнати конечниот број писма.
Меј смета дека нејзината промена нема да ги олесни преговорите за брегзит. Таа исто така во однос на ова прашање изјави дека таа не размислува сама да поднесе оставка.
„Менувањето лидери во овој момент нема да ги олесни преговорите“, рече Мај во интервју за „Скај њуз“. Таа исто така додаде дека следната недела ќе биде од клучно значење за успехот на разговорите за брегзит и најави дека ќе се сретне со лидерите на ЕУ пред вонредниот самитот на Европскиот совет на 25 ноември, пренесуваат тамошните медиуми.
Веста дека е постигнат договорот со ЕУ предизвика политичка криза во Велика Британија бидејќи договорот беше остро критикуван од страна на опозицијата и владејачките конзервативци. Двајца министри и неколку државни секретари си поднесоа оставки, а повеќе од 20 пратеници испратија официјална покана за гласање недоверба на Тереза Меј на функцијата лидер на партијата и премеир.
Многу конзервативци што го поддржуваат излегувањето на Британија од европското семејство сакаат јасен развод со Брисел.
Според нацрт-договорот, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март следната година, но ќе остане дел од единствениот пазар до крајот на 2020 година. Земјата исто така ќе остане во царинска унија со ЕУ со цел да се избегне поставување контролни пунктови на ирската граница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.
Европа
Во борбена мисија загина екипажот на украински хеликоптер Ми-24
Екипажот на хеликоптер Ми-24 од 12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ загина за време на борбена мисија, објави бригадата на социјалните мрежи, како што пренесе Правда.
„Екипажот на хеликоптерот Ми-24 загина при извршување на борбена мисија. Ова е непоправлива загуба за авијацијата, за државата и за семејствата кои ги чекаа своите најблиски дома“, се вели во соопштението.
Околностите под кои загина екипажот не се откриени.
12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ е единица на украинската воена авијација која се наоѓа во градот Нови Калинив, регионот Лавов. Таа е директно подредена на Командата на копнените сили на вооружените сили на Украина.
Европа
Орбан: Ароганцијата на Брисел е на врвот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро ги коментираше најновите случувања во Брисел, опишувајќи ги со зборовите: „Ароганцијата на Брисел е на врвот“. Во објава на социјалните мрежи, Орбан го критикуваше ставот на Европската Унија кон пристапувањето на Србија, а воедно рече дека Унгарија нема да учествува во финансирањето на Украина и е подготвена да остане во Брисел „колку што е потребно“ за да ја брани својата позиција, објави hirado.hu.
Критики за ставот кон Србија
Орбан се осврна на самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во среда, кој, како што рече, бил подготвен на таков начин што српскиот претседател дури и не дошол. Според него, ова не е изненадувачки бидејќи Србија, која е кандидат за членство од 2012 година, е „заглавена со години“ без конкретен напредок во пристапувањето, со изговори за проблеми со владеењето на правото. Унгарскиот премиер направи паралела со Украина, каде што претставниците на Брисел, како што забележа, не нашле слични пречки.
„Претседателот Вучиќ постапи правилно што не учествуваше во оваа претстава. И е срам за Унијата и бриселските бирократи кои го свикаа самитот што значаен дел од земјите-членки дури и не дојдоа во Брисел вчера“, рече Орбан.
„Нема да учествуваме во финансирањето на војната“
Коментирајќи ги денешните настани, тој нагласи дека ароганцијата продолжува. „Бирократите се колнат дека не можеме да си одиме дома додека не се реши финансирањето на Украина. Тоа е, финансирањето на војната“, напиша Орбан, цврсто наведувајќи дека Унгарија нема да учествува во ова.
„Ќе бидеме тука колку што е потребно. Неколку непроспиени ноќи не се крај на светот. Тоа е сигурно подобро од војна“, заклучи унгарскиот премиер.

