Свет
Шефот на „Вагнер“: Го прекинуваме нападот на Бахмут

Шефот на руската платеничка група „Вагнер“ изјави дека го прекинува нападот врз Бахмут.
Како што објасни тој, нападите се запираат за да им се овозможи на украинските сили од другата страна на бојното поле безбедно да им го покажат градот на американските новинари кои доаѓаат во посета.
Групата „Вагнер“ го предводеше рускиот напад врз Бахмут во најдолгата и најкрвава битка на војната, но украинските сили досега успешно ги спречија неговите обиди да ја преземе целосната контрола врз градот.
„Одлуката е донесена да се запре артилерискиот оган за американските новинари безбедно да го снимат Бахмут и да си одат дома“, рече Пригожин во аудиопораката.
Во истата порака тој ја предупреди украинската страна да не се обидува да внесе дополнителни сили под превезот на посета на новинари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трамп затвора 30 амбасади и конзулати, меѓу кои и тие во БиХ

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да затвори речиси 30 амбасади и конзулати во странство како дел од значајната промена во дипломатското присуство на Америка во странство, според внатрешен документ на Стејт департментот, објави Си-Ен-Ен.
Во документот се препорачува затворање на 10 амбасади и 17 конзулати. Списокот ги вклучува амбасадите во Луксембург, Лесото, Република Конго, Централноафриканската Република и Јужен Судан, како и Малта. На списокот има и пет конзулати во Франција, два во Германија, два во Босна и Херцеговина, еден во Обединетото Кралство, еден во Јужна Африка и еден во Јужна Кореја.
Во случајот со Босна и Херцеговина, тоа се конзулати во Мостар и Бања Лука.
Во документот се предлага работите на затворените амбасади да ги покриваат филијали во соседните земји. Администрацијата на Трамп досега номинираше кандидати за амбасадори само за две амбасади кои се препорачани за затворање – Малта и Луксембург.
Амбасадите и конзулатите служат како важни пунктови за Стејт департментот. Тие обезбедуваат услуги како што се обработка на визи и помош за американските граѓани на кои им е потребна. Тие исто така собираат информации што се испраќаат до Вашингтон.
Свет
Добиваат погрешни резултати од крвни анализи – пациенти и лекари во Британија очајни

Илјадници пациенти во Велика Британија би можеле да се соочат со погрешни дијагнози поради неточни и погрешни резултати од тестовите на крвта, покажа алармантно истражување на „Би-би-си“.
„Синовис“, лабораторијата за крвни анализи за шест болници во Лондон, не успева да обезбеди точни резултати „на дневна основа“, велат лекарите.
Десетици мејлови испратени од фирмата, која заработува две и пол милијарди евра, покажуваат дека таа постојано им се извинувала на општите лекари од 2021 година за неточни резултати од тестовите поврзани со болести, вклучително и дијабетес и маларија.
Лекарите тврдат дека тоа сега е нивна „секојдневна грижа“, а проблемот е „ништо помалку од национален скандал“, објави Дејли Меил.
„Синовис“ денеска се извини за „неволјата, непријатностите и вознемиреноста“ што ги предизвика, но тврди дека неточните тестови претставуваат само дел од десетици илјади што ги обработува секој ден.
Повеќе од десетина општи лекари кои зборуваа анонимно од професионални причини рекоа дека повеќе не можат да и веруваат на компанијата.
Еден општ лекар додаде: „Никогаш немаше да ни падне на памет дека тестот на крвта може да не е сигурен. Ова сега е секојдневна грижа“.
Свет
Полска ќе забрани фотографирање на 25.000 локации

Полска ќе забрани фотографирање на илјадници локации, вклучително и пристаништа, железници, мостови и владини канцеларии, според новите закони за национална одбрана чија цел е да се спречи шпионажа, јавува полската ТВП.
Новите прописи, кои стапуваат на сила на 17 април, ќе го направат нелегално фотографирањето на приближно 25.000 локации низ целата земја, при што само 3% од тие локации се сметаат за воени објекти, остатокот е цивилна инфраструктура.
Законот е одговор на зголемените грижи за националната безбедност во Полска и Европа, по бројните напади во ЕУ поврзани со Русија и нејзините посредници од почетокот на руската инвазија на Украина.
Прекршувањето на забраната може да резултира со парични казни, апсење или конфискација на опремата.
Но, критичарите велат дека правилата се нејасни и би можеле да влијаат на обичните луѓе, а не на вистинските шпиони.