Свет
Шефот на НАТО: На Русите им снемува муниција, затоа не им оди во војната
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Букурешт изјави дека војната во Украина не му оди најдобро на рускиот претседател Владимир Путин поради што може да се очекуваат нови ракетни напади врз Украина.
Од почетокот на инвазијата во февруари Русија беше принудена да се откаже од Киев, Харков и од Херсон, рече Столтенберг. „Тоа е знак дека Русија кикснува на линијата на фронтот“, изјави Столтенберг во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО, што се одржува денеска во главниот град на Романија.
„Затоа напаѓаат цивили, бидејќи не може да освојат територија, исто како што не може да го избегнат украинското ослободување на сè повеќе и повеќе територии. Така што, можеме да очекуваме повеќе напади. Никој не може точно да каже колку, но Путин и Русија покажаа подготвеност да им нанесат цивили кои страдаат, со бруталност што не е видена во Европа од Втората светска војна“, рече генералниот секретар на НАТО.
„Знаеме дека Русија е без муниција, тоа е причината поради која се свртеа кон Иран“, додаде тој. Одговарајќи на новинарски прашања, Столтенберг коментира за потенцијалниот нов бран бегалци од Украина што може да ја зафати Европа со доаѓањето на зимата.
Според неодамна објавените податоци, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари до 22 септември повеќе од 7,4 милиони Украинци избегале од војната во Европа.
Генералниот секретар на НАТО вели дека може да очекуваме повеќе бегалци поради руските напади врз украинската енергетска инфраструктура.
„Мораме да бидеме подготвени за пристигнување уште повеќе бегалци во Европа. Ова е војна, брутална војна“, рече Столтенберг, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.