Свет
Шефот на ОН за човекови права: Ситуацијата на Западниот Брег драстично се влошува

Високиот претставник на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Волкер Турк, денеска предупреди дека ситуацијата на Западниот Брег драстично се влошува, како и дека во Газа има „непромислена смрт и страдање“.
„Ситуацијата на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, драматично се влошува“, рече Турк на отворањето на седницата на Советот за човекови права на ОН, пренесува „Ројтерс“.
Тој рече дека од октомври до 15 јуни, 528 Палестинци, меѓу кои 133 деца, биле убиени од страна на израелските безбедносни сили или доселеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Разбиена криминална група за илегална миграција во Грција, правеле лажни пасоши и ги продавале за 600 евра

Уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење илегални мигранти и фалсификување документи во Грција, а се уште се трага по 26 други членови на оваа криминална мрежа.
Оваа банда преку шверц и фалсификување заработила 4.865.200 евра, а меѓу уапсените е и водачот на групата, кој од почетокот на 2024 година правел лажни патни исправи за мигранти, јавува ЕРТ.
При претреси на четири локации во Атина и Пиреја, запленети се 4.831 лажни патни исправи во вредност од 68.000 евра, а идентификувани се 558 мигранти прошверцувани во ЕУ од оваа група.
Во зависност од тоа дали шверцувале мигранти по пат, море или воздушен пат, трошоците за превоз се движеле од 700 до 8.000 евра, додека фалсификуваниот документ чинел од 400 до 600 евра.
Свет
Блумберг: Европа размислува да купи оружје од САД за Украина

Европските лидери размислуваат да купат американско оружје за испорака во Украина доколку САД одбијат дополнителна воена помош, објави Блумберг, повикувајќи се на добро информирани извори.
Агенцијата вели дека Европа нема ниту залихи на оружје, ниту капацитет да го произведе во доволни количини за да ги задоволи сите потреби на Украина, и јасно е дека Белата куќа повеќе нема да испорачува оружје на Украина, отфрлајќи ги повиците од Европа да продолжи да врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на итен прекин на огнот со заострување на санкциите.
Предлогот е да се купи повеќе американско оружје и потоа да се испрати во Украина, изјавија запознаени со ситуацијата, кои побараа да останат анонимни.
„Идејата е дека ако Трамп одбие да испрати американско оружје во Украина, Европа ќе го стори тоа. Тоа ќе и помогне на Украина да ја спречи руската офанзива и може да изврши нов притисок врз Путин да го натера сериозно да го сфати прашањето за прекин на огнот. И ако Европејците можат да го убедат Трамп да продолжи да дава разузнавачки информации за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе може да преживее“, рече добро информиран извор.
Свет
Израелци на протест побараа од владата да преговара со Хамас и да ги ослободи заложниците

Стотици луѓе синоќа протестираа во Тел Авив, повикувајќи на прекин на војната во Газа и итно ослободување на преостанатите заложници кои ги држеше милитантната група Хамас.
„Знаеме дека се живи и знаеме дека нивното време истекува“, рече Лиран Берман, чии браќа близнаци беа киднапирани во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Берман ја критикуваше одлуката на израелската влада да го повлече преговарачкиот тим од Катар.
„Секој ден без преговори е ден кога ризикуваме да ги загубиме“, рече тој. Еинав Зангаукер, чиј син се уште е заложник, за време на протестите јавно и се обрати на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху: „Кажи ми премиере, како можеш да се погледнеш во огледало знаејќи дека оставаш 58 заложници?
Нира Шараби, чиј сопруг е убиен во заробеништво и чие тело се уште е во Појасот Газа, рече дека на нејзините ќерки им треба да се заврши тоа за да можат да тагуваат. Се додека нејзиниот сопруг нема гроб, пеколот ќе продолжи. Таа рече. „Апелирам до израелската влада: нека заврши овој кошмар. Во Газа се уште има 58 заложници, од кои повеќето веќе не се живи.